Војните

Точката на која се судираат интересите на Трамп и Нетанјаху

Во понеделникот претседателот Доналд Трамп ја означи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација, што беше првпат САД да означат дел од владата на друга нација како таква закана.

Иранскиот Врховен совет за национална безбедност одговори со прогласување на американската Централна команда за терористичка група.

Со 5.000 американски војници во Ирак и 2.000 во Сирија, честопати во близина на иранските единици, ова ја доближува Америка до војна.

Зошто го сторивме тоа? Каква корист имаат САД од тоа?, вели Патрик Џ. Бјукенен за Антивор.

Како сега ќе преговараме со Гардата за ракетните тестови?

Израелскиот премиер Биби Нетанјаху си ги припиша заслугите за одлуката на Трамп, велејќи: „Уште еднаш го спасивте светот од агресијата и тероризмот на Иран... Ви благодарам што прифативте уште едно мое важно барање.“

Претходните „барања“ што Трамп ги исполни беа преместување на американската амбасада во Ерусалим, прогласувањето на Ерусалим за вечен главен град на Израел, затворањето на палестинскиот конзулат и прекинот на помошта, како и американското признавање на Голанската висорамнина, грабната од Сирија во 1967 година, за суверена израелска територија.

Што ќе посака Биби, Биби го добива.

Се надеваме дека неговите идни барања нема да вклучуваат барање Америка да престане да се колеба и да му го приреди истиот „шок и страв“ на Иран што Џорџ Буш му го приреди на Садамхусеиновиот Ирак.

Со победата на Биби во вторникот, негова петта, најверојатно ќе биде објавен тајниот блискоисточен мировен план на кој зетот на Трамп Џаред Кушнер работеше последниве две години.

Сепак, и од авион се гледа дека бебето на Џаред е мртвородено.

Биби нема да прифати право на Палестинците да се вратат во Израел, ниту пак да го дели Светиот град со палестинска држава раководена од наследник на Јасер Арафат. И иако Биби се бореше кога Ариел Шарон повлече 8.000 еврејски доселеници од Газа, тој нема да нареди отстранување на десетици илјади еврејски доселеници од домовите на Западниот Брег.

Навистина, во пресрет на неговиот повторен избор во вторникот, Биби им вети на Израелците дека ќе почне да ги анектира еврејските населби на Западниот Брег.

Што се однесува на Трамп, тој е најпопуларниот човек во Израел. И тој нема да го присили Биби да прави нешто што Биби не сака да го прави и со тоа да ја загрози својата огромна политичка корист од американската еврејска заедница.

Со оглед на попустливоста на прогресивното крило на Демократската партија кон БДС, антиизраелското движење за бојкот, лишување и санкционирање, и поделеноста кај демократите во врска со експанзионизмот на Нетанјаху, произраелскиот став на претседателот се покажа како политички победник за Републиканската партија.

Но додека можеби војната на САД со Иран е она што Биби го сака, тоа не е она што Америка го сака или ѝ треба.

Размислете колку ја чинеа Америка 20-те години војни во Блискиот Исток, додека Кина остана надвор од регионот и ги зголеми својата моќ и влијание во Азија, Африка и Европа.

Во Авганистан, талибанците повторно добија контрола над поголема територија отколку што имаа во 2001 година, и преговараат со Американците за повлекување на преостанатите американски 14.000 војници.

Цената од авганистанската војна: 2.400 загинати Американци, 32.000 повредени, потрошени 1 трилион долари и САД се на работ на потенцијален стратегиски пораз.

Толку страшна стана петгодишната граѓанска војна во Јемен меѓу бунтовниците хути, поддржани од Иран, и режимот поддржан од Саудиска Арабија што тие го соборија, што американскиот Претставнички дом и Сенат се повикаа на Законот за воени овластувања и му наредија на Трамп да ја прекине американската помош за саудиската интервенција.

Во Либија, каде што со интервенција на НАТО предводена од САД во 2011 година беше соборен полковникот Гадафи, одметнат генерал сега контролира две третини од земјата и го напаѓа Триполи. Американските војници и дипломати минатата недела избегаа од главниот град.

Во Сирија, претседателот Башар Асад, со поддршка од Русија, Иран и Хезболах, уште пред неколку години ги порази бунтовниците поддржани од САД.

Сириската курдска милиција, со која САД се здружија за да го уништат ИСИС, Турците ја назначија за терористичка и ветија дека ќе ги уништат Курдите ако се обидат да се вратат во домовите по должината на турската граница.

Што се однесува на самата Турција, претседателот Ердоган вели дека летово ќе му стигне нарачката на воздухопловниот и ракетен одбранбен систем С-400 од руско производство.

Само продолжи така, велат САД, и ние ќе ја откажеме твојата нарачка за 100 Ф-35-ки. Оправданиот страв на САД: рускиот систем С-400 ќе биде тестиран против најнапредниот американски борец од петтата генерација, Ф-35.

Ако Турција не го откаже С-400, се чини дека е неизбежна кризата во НАТО.

Во Ирак, каде што остануваат 5.000 американски војници, владата има и проамерикански и проирански елементи во Багдад, а заемното означување на иранската Гарда и американската Централна команда како терористички организации, може да предизвика само пеколни проблеми за американските војници и дипломати што сè уште се во таа земја.

Поентата: иако Биби и Џон Болтон можеби сакаат војна со Иран, американските национални интереси, врз основа на ужасното дводецениско искуство, и политичките интереси на Трамп, диктираат дека тој нема да почнува војни.

Ниту една блискоисточна војна во овој век не тргна како што ние планиравме или се надевавме.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе