„Не носи политичка корист“

Тимот на Трамп создал национален план за тестирање - па го уништил мислејќи дека вирусот најлошо ги погодува продемократските држави

Со месеци вишиот советник во Белата куќа Џеред Кушнер и неговиот тим од пријатели, финансиери и милијардери, работеле на создавање национален план за тестирање за коронавирусот.

Успеале да го направат откако побарале помош од експертите за јавно здравје. Но планот бил уништен затоа што тие мислеле дека смртоносната пандемија најсилно ги погодува продемократските, т.н. сини држави, и дека нема да се прошири во црвените, прорепубликанските држави, вели Кетрин Ибан од Венити фер.

Кога бил завршен планот за масовно тестирање за коронавирус на национално ниво, кој содржел и трагање по контакти, Кушнер одлучи дека тој не му носи политичка корист на претседателот Доналд Трамп, па го уништил.

Како што откри едно лице што директно работело на проектот, планот „едноставно испари“.

Експерт за јавно здравје во „чести контакти“ со работната група во Белата куќа за коронавирусот „рече дека еден член на тимот на Кушнер истакнал: дека затоа што вирусот најтешко ги погодува сините држави, националниот план е непотребен и политички нема да има никаква смисла“.

„Политичарите сметаа дека затоа што (вирусот најмногу ќе ги погоди) демократските држави, дека тие ќе можат да ги обвинат нивните гувернери и дека тоа ќе биде ефикасна политичка стратегија“, рече експертот.

„Беше многу јасно дека Џеред е крајниот носител на одлуки за тоа каков план ќе се појави“, додаде експертот.

Планот бил огромен. Предвидувал да се воспостави „национален надзорен систем“ со „капацитет за добивање информации во реално време за да се откриваат главните знаци за тоа каде се појавуваат жариштата и каде ризиците се големи, наспроти местата каде што луѓето можат да се вратат на работа“, открива Ибан.

Планот ја „повикуваше федералната влада да ја координира распределбата на приборите за тестирање, за тие да може да се испраќаат во најсилно погодените области и да се надгледува националната инфраструктура за следење на контакти“. Тоа никогаш не се случи.

„Планот предлагаше масовно зголемување на бројот на тестовите за антитела за да се овозможи враќање на работа“. Тоа никогаш не се случило.

„Планот повикуваше сите резултати од тестовите за ковид-19 од каков било вид тестирање, направени на кое било место, да бидат пријавени во национално складиште, како и кај државните и локалните здравствени оддели“. Тоа никогаш не се случи.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе