Тим истражувачи нурнаа кај Титаник и открија дека некои делови ги „изело“ морето (ФОТО+ВИДЕО)

Првите луѓе што по скоро 15 години нурнаа кај „Титаник" велат дека дел од урнатините брзо се распаѓа.

Во текот на пет подводни нуркања, меѓународен тим истражувачи на длабокото море го прегледале потонатиот брод, кој се наоѓа на 3.800 метри длабочина во Атлантикот.

Додека делови од урнатините биле во изненадувачки добра состојба, други делови веќе ги „изело“ морето.

Најраспадната била десната страна на бродот кај кабините на офицерите.

Историчарот за „Титаник“ Паркс Стивенсон рече дека дел од она што го видел за време на нуркањето било „шокантно“.

„Кадата на капетанот е омилена слика кај ентузијастите на Титаник - и веќе ја нема“, рече тој.

Капетановата када - фотографирана за време на експедицијата во 1996 година - сега ја нема

„Целата кабина на палубата се распаѓа. А тоа распаѓање ќе продолжи да се влошува“.

Тој рече дека накосениот покрив на салонот во предниот дел веројатно ќе биде наредниот загубен дел, со што ќе се оневозможи погледот кон ентериерот на бродот.

„Титаник се враќа во природата“, додаде тој.

Бродот го напаѓаат силните океански струи, корозијата од солта и бактериите што јадат метал.

РМС „Титаник“ е под вода повеќе од 100 години, лежејќи на околу 600 километри оддалеченост од брегот на Њуфаундленд, Канада.

Патничкиот брод, кој беше најголем во своето време, удри во ледена санта на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк во 1912 година. Од 2.200 патници и членови на екипажот, повеќе од 1.500 загинаа.

Експедицијата за „Титаник“ беше спроведена од истиот тим што неодамна го изврши најдлабокото нуркање на дното на Маријанскиот ров, кој лежи на скоро 12 км длабочина во Тихи Океан.

Нуркањата се одвиваа во подводно пловило долго 4,6 метри, високо 3,7 метри - наречено ДСВ ограничувачки фактор - изградено од американската компанија Тритон сабмаринс.

Навигирањето на пловилото околу урнатините, кои се состојат од две главни парчиња оддалечени околу 600 метри, било предизвик.

Лошото време на Атлантикот и силните подводни струи им отежнувале на нуркачите. Голем ризик за тимот било и заплеткувањето во руините.

 

Историја на истражувањето на Титаник

1985 година - Локацијата на Титаник откриена од американско-француски тим

1986 година - Подводното пловило Алвин ги истражува остатоците

1987 година - Првата спасувачка експедиција собира 1.800 артефакти од Титаник

1995 година - Џејмс Камерон ја посетува руината - снимките се користат во неговиот филм „Титаник“

1998 година - Први туристи нуркаат до таму

1998 година - Подигнат е дел од трупот на Титаник

2005 година - Две подводни пловила со екипаж нуркаат до потонатиот брод

2010 година - Автономни роботи ја мапираат локацијата

2012 година - Урнатините сега се заштитени од УНЕСКО

2019 година - ДСВ ограничувачки фактор врши пет нуркања

Нуркањата се снимени од Атлантик продакшнс, за претстојниот документарен филм.

Освен што прават снимки, научниците од експедицијата ги проучуваат и суштествата што живеат на урнатините.

И покрај тоа што температурите се речиси на точка на замрзнување, водите се мрачни, а притисокот е огромен, таму цвета живот.

Тоа исто така е причина за распаѓањето на Титаник, вели експедицискиот научник Клер Фицсимонс од универзитетот Њукасл.

„На урнатините има микроби што го јадат железото од самите урнатини, создавајќи 'рустикални структури', што е многу послаба форма од металот“, вели таа.

Овие рустикалии, сталактити од 'рѓа што висат од остатоците, се толку кревки што ако се допрат, може да се распаднат во облак од прашина.

Научниците проучуваат колку различни типови метали еродираат во длабоките атлантски води, за да проценат уште колку време му останува на Титаник.

Коментирајќи ја експедицијата, Роберт Блит од Националниот поморски музеј во Гринич рече дека е важно да се оди долу и да се документираат урнатините во тековната состојба.

„Самата урнатина сега е единствениот сведок што го имаме за катастрофата на Титаник“, рече тој.

„Сите преживеани од неа сега се починати, па затоа мислам дека е важно да се искористи урнатината додека сè уште има нешто да каже“.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе