Тереза Меј бара спас во коалиција со партија основана од поранешни терористи

Премиерката на Велика Британија Тереза Меј доживеа тежок удар на вчерашните избори, останувајќи без парламентарното мнозинство. Но, наместо да понуди оставка, Меј реши да состави коалициска влада, во која партнер, или поддржувач, ѝ е северноирска партија со прилично сомнителна репутација.

Имено, Демократската унионистичка партија (ДУП), која во последно време практично ги замени Унионистите на Улстер како водечка партија во Северна Ирска, е сѐ само не вообичаена партија од десниот центар.

Како што пишува Опен демокраси, можноста ДУП да заврши во владата во Вестминстер е загрижувачка, бидејќи станува збор за партија која има силни историски врски со лојалистички паравоени групи. Лојалистите, нормално, во проблематичното време во втората половина од 20 век се залагаа за останување на Северна Ирска во Обединетото Кралство, борејќи се против Ирската републиканска армија (ИРА) и други републикански паравоени групи кои бараа обединување на Северна Ирска со Република Ирска. И едната и другата страна користеа насилни и терористички методи за остварување на своите цели.

Конкретно, основачите на движењето Отпорот на Улстер (УР) подоцна станаа главни политички лидери во ДУП. На пример, Питер Робинсон, лидерот на ДУП и премиерот на Северна Ирска до минатата година, беше активен член на УР, која соработуваше и со други терористички групи како Доброволните сили на Улстер и шверцуваше оружје во Обединетото Кралство.

ДУП, нормално, заедно со ИРА и други паравоени групи во меѓувреме се откажа од насилството и се сврте кон мирољубиво решение на конфликтот. Меѓутоа, неверојатна иронија е тоа што конзервативците на Тереза Меј, кои во текот на предизборната кампања го напаѓаа лидерот на лабуристите Џереми Корбин поради неговите наводни врски со терористите на ИРА, сега влегуваат во коалиција со партија основана од поранешни терористи.

Освен овие историски врски со тероризмот, самата политика на ДУП е прилично екстремна. ДУП жестокот се противи на правото на жените на абортус, истополовите бракови и ги негира климатските промени. Минатата година партијата се најде среде скандал кога нејзиниот парламентарен претставник Денис Вилсон се сложи со граѓанин кој му порача дека Северна Ирска би требало „да ги избрка етничките малцинства“ од земјата.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе