„Тајван ќе се врати во прегратката на Кина“

Среде руската „воена операција“ да ја „демилитаризира и денацифицира“ Украина, Западот шпекулира дека Кина би можела да биде охрабрена да го врати Тајван.

EPA-EFE

Со островот се управува независно од копното од 1949 година, а Пекинг го смета за своја одметната провинција.

Пекинг повторува дека Тајван, кој себеси се вика Република Кина, „е неотуѓив дел на кинеската територија“.

Одговарајќи на распространетите шпекулации во врска со иднината на островот, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји кажа денес дека Тајван „на крајот ќе се врати во прегратката на татковината“.

Ванг зборуваше на конференција за медиумите на маргините на 13 Национален народен конгрес во Пекинг.

Со Тајван се управува независно од копното од граѓанската војна и победата на Комунистичката партија во 1949 година.

Островот има своја избрана влада и тврди дека е автономна земја и дека има политички и економски односи со неколку нации кои го признаваат нејзиниот суверенитет.

Реагирајќи на паралелите кои ги повлекуваат западните политичари и некои аналитичари меѓу актуелната воена инвазија на Русија на Украина и официјалната политика на Кина, која предвидува мирно обединување на Тајван со континентална Кина, Ванг ја отфрли споредбата, кажувајќи дека „прашањето на Тајван и прашањето на Украина се од различна природа и воопшто не можат да се споредат“.

Ванг ги осуди двојните аршини кои ги користат оние кои плачат по суверенитетот на Украина, додека го поткопуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина во врска со Тајван.

Откако Русија на 24 февруари ја почна својата инвазија на Украина, се засилија шпекулациите дека Кина би можела да направи сличен потег со Тајван.

Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео ја повика во петокот американската влада да го направи „одамна задоцнетиот“ чекор да одобри „дипломатско признавање“ на Тајван и да го прогласи за „слободна и суверена земја“.

Посетата на Помпео следеше по посетата на висока американска делегација испратена од претседателот Џо Бајден која ја предводеше поранешниот началник на здружениот генералштаб адмиралот во пензија Мајкл Мален за да го увери Тајван во поддршката на Вашингтон. Шефот на американските пацифички воздухопловни сили на 3 март кажа дека го гледа „како јастреб“ кинескиот претседател Си Џинпинг за знаци дека Народноослободителната армија на Кина би можела да го нападне Тајван.

Претходно во март поранешниот американски претседател Доналд Трамп порача дека „Тајван е следен“.

Иако САД го прекинаа формалното признавање на Тајван кога воспоставија дипломатски односи со комунистичката влада на Кина во 1979 година, Вашингтон продолжи да му продава оружје на Тајван.

Американскиот претседател Џо Бајден ја потврди посветеноста на Вашингтон на „политиката на една Кина, водена од законот за односи со Тајван, три заеднички соопштенија и шест уверувања“ за време на виртуелниот состанок со кинескиот претседател Си Џинпинг во ноември 2021.

Како одговор, Си му порача на Бајден дека „поддршка на независноста“ на Тајван е „играње со оган“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе