Тајната војска на Пентагон: најголемата сила во светот им пркоси на законите

Армијата на Соединетите Американски Држави користи широка мрежа војници, цивили и платеници кои ги користи за тајни мисии во странство и на своја територија.

EPA-EFE

Тие, покрај ова, се користат и за манипулации на социјалните мрежи. Како што пишува Њузвик по својата двогодишна истрага, американската војска наводно користи околу 60.000 тајни оперативци, кои во повеќето случаи користат тајни идентитети при извршувањето на задачите.

Според американскиот весник, Пентагон ги користи оперативците во „реалниот живот“, но и во виртуелниот свет, а некои се дури поставени во приватни бизниси и познати компании.

Оваа програма е наводно десет пати поголема од тајната служба ЦИА, со што станала „најголемата тајна сила во историјата на светот“, тврди Њузвик.

Меѓутоа, вистинската големина на овој разузнавачки апарат или „армија во сенка“ и понатаму останува строго чувана тајна. Никој не ја знае големината на програмата, а американскиот Конгрес никогаш не одржал сослушување околу потпирањето на војската на овој сегмент.

Њузвик пишува дека речиси нема никаква транспарентност во дејствувањето на овој дел на војската, и истакнува дека тој ангажман им „пркоси на американските закони, Женевската конвенција и правилата на војување“.

Се претпоставува дека половина од овие сили ги сочинува персоналот за специјални операции кој брка терористи во воените зони и дејствува во „црвените точки“ како Северна Кореја и Иран.

Воената разузнавачка служба е наводно другиот најголем дел на таа „тајна војска’.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе