Тачи е веќе „отпишан“?

Како што сега стојат нештата, косовските избори на власт ќе донесат нови играчи. Најновиот рок кој западните држави сакаат да го наметнат за постигнување на договорот меѓу Белград и Приштина е декември.

Според српски Блиц, тоа не значи дека тој рок нема да биде пролонгиран како и многу пати до сега, но „косовскиот проблем“ се турка во таа насока. Партијата на Хашим Тачи стои полошо од кога било, а ако Западот игра на други опции, преговорите околу судбината на Косово и Метохија може драстично да се сменат.

Весникот додава дека ќе биде веќе формирана владата во Приштина кога ќе се одржуваат изборите во Србија кои би требало на одреден начин да бидат верификација на договореното, односно она што српската власт би го постигнала во дијалогот со Приштина.

До воспоставувањето на ова замислено темпо може да дојде и не само поради смената на советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон, кој ја форсираше идејата косовското прашање да се реши со некаква поделба, или разграничување.

Опцијата која беше во игра е сменета, а главниот играч сега е Метју Палмер кој е именуван за специјален претставник на САД за Балканот. Овој политичар е поблизок до длабоката држава, а не на некои изнудени, парцијални и ад-хок решенија.

Покрај тоа, како што наведува Блиц, дополнителен проблем се косовските избори, закажани за 6 октомври и кој ќе ја добие власта на Косово. Дипломатски извор на Блиц од Приштина открива дека цело време се разговара со речиси извесните идни победници на изборите.

„Поранешната партија на Ибрахим Ругова, ДСК, на чие чело е Иса Мустафа и Самоопределување на Албин Курти. Во моментов најмногу гласови ќе добие ДСК, Самоопределување а на третото место е движењето Нисма, а ААК на Рамуш Харадинај, а дури на петтото ПДК на Хашим Тачи“, наведува весникот.

Се додава дека иако Тачи има мандат до 2021, тоа нема да значи многу бидејќи ќе ја има целата влада против себе. Ако и Западот се одлучи за други играчи, Тачи е надвор од секоја опција да преговара со Белград.

„Вовлекувањето на ДСК и нивната кандидатка за премиер Вјоса Османи и Албин Курти во преговорите не треба воопшто да се исклучи. Тоа е опцијата на која паралелно се работи. Оваа опција не се гледа само во контекст на преговорите со Белград туку нивната власт би значела и слабеење на УЧК крилото во политиката“, вели изворот на Блиц.

Меѓутоа, спорно е дали ДСК и Самоопределување би се согласиле на некој компромис со Белград или би барале висока цена за возврат, а се истакнува и дека паралелно со Косово се придвижуваат нештата и во регионот.

Декември се спомнува и како реален рок за влегување на Македонија во НАТО, а прашањето е дали има обиди БиХ и Косово да се решат во пакет.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе