Светските сили сè повеќе вложуваат во војска, најмногу САД, Кина, Индија и Русија

И покрај коронакризата, глобалните трошоци за војската минатата година пораснале на речиси 2 билиони долари, покажуваат податоците на Меѓународниот стокхолмски институт за мировни истражувања (СИПРИ).

EPA-EFE

Државите за војската минатата година издвоиле 1,981 билиони долари, 2,6 отсто повеќе од 2019 година.

Најмногу потрошиле САД, Кина, Индија, Русија и Британија – заедно издвоиле 62 отсто од вкупните светски средства, пренесува германската агенција ДПА.

„Можеме со одредена сигурност да кажеме дека пандемијата немала значително влијание врз воените трошоци во 2020 година“, кажа Диего Лопез да Силва, истражувач на одделот на СИПРИ за следење на воените трошоци.

„Останува да се види дали државите ќе го задржат тоа ниво на воени трошоци и во втората година на пандемијата“.

Иако светот заедно имал поголем износ одреден за одбраната, некои држави како Чиле и Јужна Кореја експлицитно дел од планираниот воен буџет го пренамениле за борбата против ковид-19.

САД и понатаму предводат во издвојувањата за војската. Минатата година американскиот воен буџет изнесувал 778 милијарди долари, односно 4,4 отсто повеќе од 2019 година.

Минатата година 39 отсто од вкупните воени трошоци за војската биле во САД. Американците го зголемуваат воениот буџет трета година по ред, по седум години намалување. Поголемите издвојувања се поклопуваат со претседателскиот мандат на Доналд Трамп.

Кина во исто време го зголемила својот воен буџет 26 година по ред. Кина има втори најголеми издвојувања во светот, а во 2020 година изнесувале 252 милијарди долари.

Зад САД и Кина се Индија (72,9 милијарди), Русија (61,7 милијарди), Британија (59,2 милијарди) и Саудиска Арабија (57,5 милијарди долари).

На глобално ниво државите минатата година издвоиле 2,4 отсто од своите буџети за одбрана, додека во 2019 тој процент изнесувал 2,2 отсто. Со тоа во 2020 е забележан најголемиот раст на воените издвојувања од 2009, годината на светската економска криза.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе