Светските медиуми за посетата на Вучиќ на Хрватска: „Усташка хистерија“ и тензични односи

Светските новински агенции ја проследија посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Хрватска како чекор кон подобрување на децениски тензичните односи.

Хрватска и Србија ветија вчера дека ќе ги засилат напорите за решавање на прашањата на малцинствата, граничните прашања и потрагата по исчезнатите за време на Татковинската војна „во обид да ги подобрат односите кои беа нарушени во децениите по распадот на Југославија“, пишува Ројтерс.

„Тешкотиите останаа“

Британската агенција објаснува дека Србија и Хрватска, двете најголеми републики излезени од Југославија која се распадна во 1991, се обидуваа да ги подобрат врските по војната од 1991-1995, „но тешкотиите останаа“.

Белград и Загреб неодамна се судрија околу прашањето на страдањата на Србите за време на Втората светска војна, околу емигрантите и товарниот превоз, пишува германска ДПА и пренесува преглед на случувањата од распаѓањето на Југославија и Татковинската војна во Хрватска.

Информер ја осуди „усташката хистерија“ за време на посетата

ДПА информира дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пред посетата го отвори и прашањето за воена отштета. Објаснува дека реториката меѓу двете земји секоја година рутински заострува во август кога се одбележува годишнината од воено-полициската акција Олуја со која Хрватска ги ослободи своите окупирани региони.

Агенциите информираат и за демонстрациите со кои беше дочекан Вучиќ, при што Франс прес известува за 400, а Ројтерс за илјада демонстранти.

Франс прес ја пренесува изјавата на Вучиќ дека „никој во неговото семејство не бил четник“ и додава дека српскиот таблоид Информер, кој е близок до власта, ја осуди „усташката хистерија“ за време на посетата.

„Тоа е алузија на хрватскиот усташки режим кој беше на страната на нацистичка Германија“, пишува француската агенција.

„Двете земји гледаат различно на минатото“

Ројтерс ја пренесува и изјавата на Вучиќ дека во следните 100 дена ќе направи сѐ што може за да се подобрат меѓусебните односи како и тоа дека двете земји на минатото гледаат различно.

Франс прес и ДПА известуваат дека Србија се труди да напредува во преговорите за членство во ЕУ во што Хрватска може да ѝ помогне, но и да ја кочи бидејќи двете земји имаат нерешено гранично прашање.

Пандорина кутија

Танјуг пренесува дека Вучиќ е оптимист кога станува збор за економијата и дека е уверен дека односите на двете земји во иднина ќе бидат сѐ подобри, што е и интересот на двата народи и државите. Српскиот претседател зборуваше и за растот на стопанската размена меѓу двете земји за 62 отсто во пет години, и додаде „замислете колкав ќе беше растот доколку политичките односи беа подобри“, пренесува српската агенција.

Танјуг пренесува и дека Вучиќ потврди дека со хрватскиот премиер Пленковиќ разговарал за воената отштета и дека тогаш порачал дека со тоа се отвора Пандорината кутија, што на Загреб и Белград „сега сигурно не им треба“.

„За дом спремни“

Агенцијата истакнува дека на прес конференција Вучиќ ѝ се заблагодари на хрватската колешка на храброста да го покани и на тоа што достоинствено се однесувала.

Бета пишува дека двајцата лидери заклучија дека меѓусебните односи не можат да се наречат пријателски, но дека двете земји мора да разговараат за иднината и отворените прашања. Агенцијата голем простор им посвети на протестите кои ја проследија посетата на Вучиќ на Загреб и пишува дека на еден од собирите имаше црни знамиња со натписот „За дом спремни“.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе