Светските агенции за средбата Трамп/Ким: Историја или трик?

Севернокорејските медиуми ја опишаа средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров како неверојатен настан.

Би-би-си средбата ја окарактеризира како „историска“, додека британски Гардијан ја нарекува средбата „незадоволително продолжение“.

Вашингтон пост истакнува дека и покрај тоа што Трамп и Ким одржаа три средби, не е постигнато многу на патот на демилитаризацијата на Пјонгјанг.

Државната новинаска агенција на Северна Кореја КЦНА извести дека Трамп и Ким одржаа историска средба во демилитаризираната зона која ги раздвојува двете Кореи и дека се договорија да го обноват дијалогот за денуклеаризација.

Средбата на Трамп и Ким, според Гардијан, е „трик, а не пробив“.

Разговорот во последен момент, во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи го направи Трамп првиот американски претседател кој стапнал на тлото на Северна Корја, пишува британскиот весник.

„Но, тоа што нешто се случило за прв пат, не значи дека е суштински значајно“, оценува Гардијан наведувајќи дека постои причина зошто претходниците на Трамп не го направиле тоа, односно не се сретнале со таткото и дедото на Ким Џонг Ун.

Трамповиот чин ѝ дава легитимитет и статус на државата одговорна за она што ОН го нарекое „неспоредливи злосторства врз човековите права“, и чија единствена дипломатска алатка е нејзината програма за нуклеарно вооружување, заклучува Гардијан.

Трамп во неделата со насмевка на лицето го дочека лидерот на Северна Кореја на силно утврдената позиција во демилитаризираната зона која ги раздвојува двете Кореи.

Американскиот претседател изјави дека размислува дали да го покани севернокорејскиот лидер во САД, можеби и во Белата куќа, а Ким се надоврза кажувајќи дека би му била чест Трамп да го покани во Пјонгјанг „во вистинското време“.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе