Светот за Караџиќ: Правдата победи, БиХ останува поделена

Со казната доживотен затвор за воениот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ победи правдата, пишува Радио слободна Европа, иако Босна и Херцеговина останува длабоко поделена со неговото наследство кое и понатаму ги инспирира националистите и расистите во светот по конечната пресуда на Жалбениот совет на Механизмот за меѓународните кривични судови во Хаг.

Судењето на Караџиќ е „најважното во 23-годишната историја на Трибуналот на ОН“ и главно се смета за тест дали модерниот меѓународен казнен систем може да им наметне одговорност на воени лидери, оценува Њујорк тајмс.

Во Хаг им се судеше на многу поединци за злосторствата во војната во Југославија, но Караџиќ, заедно со воениот командант на босанските Срби Ратко Младиќ, на кој допрва треба да му биде изречена конечната пресуда, е највисокиот осуден функционер, пишува американскиот весник, додавајќи дека поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, „чиј екстремен национализам го поттикна и овозможи крвавиот конфликт“, умре во притвор при крајот на судењето.

Обвинителството бараше зголемување на казната од 40 години на доживотен затвор што е главно симболичен потег бидејќи Караџиќ веројатно нема да живее доволно да ја отслужи долгата казна, укажува Њујорк тајмс и додава дека одлуката да му се зголеми казната, „симболична или не“, предизвика аплаузи на роднините на жртвите од БиХ кои го следеа изрекувањето.

Родинините на жртвите две децнии ја бараа правдата меѓу Хаг и полињата на смртта каде и денс има човечки коски, пишува Би-би-си. За жртвите и нивните најблиски, кои од галеријата на судот следеа како на политичкиот организатор кој стоеше зад нивните маки му се кажува дека доживотно ќе биде во затвор, тоа било нешто „најблиску до правдата што сакале да ја добијат“, оценува британскиот јавен сервис.

Слична оценка дава и американски НПР, кој потсетува дека Караџиќ се соочи со најтешките обвиненија за геноцид, истребување, убиства и етничко чистење, како и дека го следел примерот на Милошевиќ користејќи ја судницата како политичка сцена.

Сепак, Караџиќ како стар коцкар кој го сакал покерот и кого во раните денови на војната новинарите го следеа по коцкарници, во средата во Хаг „ја изгуби последната рака против меѓународната правда“, оценува НПР.

Босна и Херцеговина, меѓутоа, и речиси 25 години од завршувањето на војната е и понатаму поделена и поларизирана околу наследството на Караџиќ, пишува Фајненшал тајмс.

Членот на Претседателството на БиХ и поранешен пртседател на Република Српска Милорад Додик, кој беше сведок на одбраната на судењето на Караџиќ, тврди по пресудата за Караџиќ дека Хашкиот суд не е праведен, додека претседателот на Здружените на жртвите и сведоците на геноцидот Мурат Тахировиќ вели дека „целосна правда не е можна но дека пресудата е задоволување за жртвите“, пренесува лондонскиот весник.

Претседателот, психијатарот, поетот па и њу-ејџ исцелител живееше различни животи, пишува Франс прес и укажува дека „воениот злосторник“ со 1.000 лица и по конечната пресуда и понатаму е личност која предизвикува поделби во судот на јавноста.

За меѓународната заедница и неговите непријатели, босанските Хрвати и Бошњаци, тој е чудовиштето одговорно за смртта на десетици илјади луѓе, додека за многу Срби и понатаму е херој, како ликовите од српската епска поезија, оценува француската агенција.

Случајот на Караџиќ се смета за клучен за пружањето правда на жртвите, оценува Асошиејтед прес.

Американската агенција оценува дека „еден од главните архитекти на колежот и уништувањето во војната во БиХ“ едвај реагирал кога судот му ја зголеми казната од 40 години на доживотен затвор, додека преживеаните од војната и нивните роднини со аплауз го поздравија изрекувањето на пресудата.

Но ни новата пресуда за некои нема да биде доволна, оценува АП и ги цитира зборовите на Мунира Субашиќ од здружението Мајките на Сребреница дека жртвите никогаш нема да бидат среќни „имајќи предвид што направил, дури и да има илјада животи, и ако секој од тие илјада животи биде одземен од него, тоа не би било доволно за жртвите“.

АП укажува дека босанските воени рани оживеаја минатата недела кога беше откриено дека осомничениот за убиствата во џамиите во Нов Зеланд му се восхитувал на Караџиќ и на неговото наследство.

Караџичќевото правдање на етничкото чистење како одбрана на западната цивилизација од муслиманите го направи икона меѓу насилните десничарски екстремисти, пишува Гардијан.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе