Светот стана понетолерантен кон емигрантите, Македонија е прва на листата

Светот станува сѐ понетолерантен кон емигрантите, покажува истражувањето на Галуп објавено во средата, а Македонија е прва на листата земји во 2019 година кои најмалку ги прифаќаат емигрантите.

EPA-EFE

Галуп во 2016 година, по емигрантската криза која ја погоди Европската Унија, го осмисли Индексот на прифаќање на емигрантите, заснован врз ставовите за живеење на емигранти во земјата на анкетираните, за тоа каков е ставот на анкетираните кон можноста емигрант да му стане сосед и да се венча со член на неговото семејство.

Галуп ги постави тие три прашања во 140 земји во 2016, а во 2017 во истражувањето беа вклучени дополнителни пет земји со 140 илјади анкетирани со методата интервју.

Најголем индекс – 8,46 од можни 9 – има Канада, додека најмал индекс (1,46) односно најмало прифаќање на емигрантите има во Република Македонија.

Зад нашата земја, според неприфаќањето на емигрантите се Унгарија и Србија, додека на четвртото место е Хрватска.

Потоа следат Босна и Херцеговина, Црна Гора, Летонија, Тајланд, Словачка и Турција.

Во претходното истражување на Галуп Македонија исто така беше на првото место.

По Канада најтолерантни кон емигрантите се Исланѓаните, Новозеланѓаните, Австралијците, жителите на Сиера Леоне и граѓаните на САД.

Од европските земји најтолерантна е Шведска (осмо место), па Ирска (десетто место).

Најголемите промени кон неприфаќање се забележани во Перу, Еквадор и Колумбија, откако во тие земји пристигнаа голем број Венецуелци кои бегаат од економската катастрофа во земјата.

Босна и Херцеговина, во која во моментов има голем број блискоисточни емигранти, исто така забележа голем пад на склоноста за прифаќање емигранти, односно дванаеста е на листата земји со најостар тренд кон неприфаќање на емигрантите.

Глобално индексот паднал од 5,34 во 2016, на 5,21 во 2019, што е најмногу поттикнато од спомнатите промени во однос на емигрантите во јужноамериканските земји.

Европската унија претстави план за промена на постоечкиот систем за прифаќање на емигрантите, според кој членките би имале правна обврска да прифатат одреден дел емигранти, на што се противат земјите од Вишеградската група (Полска, Чешка, Унгарија и Словачка).

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе