ПОРАДИ СЕВЕРНА КОРЕЈА

Светот поделен, САД им ја префрлаат топката на Русија и на Кина

Најновиот ракетен тест што го изведе Северна Кореја ги подели светските сили, кои пред само неколку дена се обединија зад новиот пакет санкции на ОН, пишува Би-би-си.

САД сметаат дека „товарот на одговорот“ на севернокорејскиот тест треба да го сносат Кина, главниот сојузник на таа земја, и Русија, која исто така има врски со режимот на Пјонгјанг.

Од друга страна, Кина посочи дека САД ја избегнуваат сопствената одговорност, а Русија ја осуди „агресивната“ американска реторика.

Ракетата што Северна Кореја ја испука над Јапонија има дострел да го погоди американскиот остров Гуам во Пацификот, објави Би-би-си, додавајќи дека најновиот ракетен тест е еден од оние со највисок дострел што ги постигна Пјонгјанг.

Ракетата достигна надморска височина од околу 770 километри, леташе околу 3.700 километри, прелетувајќи го најсеверниот јапонски остров Хокаидо, пред да падне во морето, соопшти јужнокорејската армија.

Јужна Кореја, клучниот сојузник на САД, одговори во рок од две минути со испукување два балистички проектили во морето.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе рече дека земјата „никогаш нема да толерира“ таква „опасна провокативна акција“, а САД, Кина и Русија, исто така, го осудија нападот.

Рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин и Емануел Макрон, повикаа на продолжување на директните преговори со Пјонгјанг за решавање на кризата, рече Кремљ.

Сепак, американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, јасно стави до знаење дека Вашингтон верува дека сега Пекинг и Москва треба да дејствуваат за „да го скротат“ Пјонгјанг.

Тие „мора да ја покажат својата нетолеранција кон овие неразумни ракетни лансирања, преземајќи директна акција“, рече Тилерсон.

Тој рече дека Кина ја снабдува Северна Кореја со нафта и дека Русија е најголемиот работодавец на „севернокорејската принудна работа“.

На тоа портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Цунјинг, возврати дека нејзината земја не е „централната точка на конфликтот“ и им порача на САД и на Јужна Кореја: „Секој обид да ги измијат рацете од ова прашање е неодговорен и нема да помогне во решавањето на проблемот“.

Таа додаде дека санкциите не биле единствениот начин за решавање на проблемот и повика на мирно решение преку „официјални дипломатски средства“.

Нејзината колешка од руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека Русија покажува „не само нетолеранција кон незаконски лансирања, туку и желба за решавање на ситуацијата на Корејскиот Полуостров“.

„За жал, агресивната реторика е единствената работа што доаѓа од Вашингтон“, рече портпаролката на руското министерство.

Во понеделникот Советот за безбедност на ОН едногласно изгласа ограничување на увозот на нафта и забрана за извоз на текстил во Северна Кореја, како одговор на нуклеарниот тест на земјата, кој ги прекрши резолуциите на ОН, потсетува Би би-си.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе