Америка води

Светот годишно произведува 800.000 олимписки базени ѓубре

Жителите на нашата планета годишно „произведуваат“ повеќе од две милијарди тони отпад, што е количество кое може да исполни 800.000 олимписки базени.

Најмногу ѓубре по глава на жител произведуваат Американците, поточно трипати повеќе од останатите. Најчесто во ѓубре фрлаат пластика и храна, а кога станува збор за рециклирањето, Соединетите Држави заостануваат зад останатите земји бидејќи повторно успеваат да искористат само 35 отсто од цврстиот отпад, пишува Би-би-си.

Најефикасни во повторното користење на цврстиот отпад се Германците кои рециклираат околу 68 отсто од материјалите.

Студијата ја направила компанијата Вериск мејплкрофт, специјализирана за пресметка на глобалниот ризик. Нејзините вработени развиле два нови индекси кога станува збор за отпадот – неговото трупање и рециклирањето.

Во истражувањето користеле јавно достапни податоци и академски истражувања за да се создаде слика за тоа на кој начин државите се носат со растечкиот проблем со загадувањето, чија причина главно е пластиката.

Индексот на трупање на цврстиот комунален отпад по глава на жител упатува на тоа дека најчесто станува збор за пластика, храна и опасни материјали.

Комуналниот отпад од станбените единици, институциите и продавниците го собираат локалните служби.

И додека светот годишно „произведува“ околу 2,1 милијарда тони цврст комунален отпад, само 16 отсто од тоа се рециклира, додека 46 отсто се одлага на неодржлив начин.

Податоците на анализата упатуваат дека Кина и Индија, кои сочинуваат над 36 отсто од светската популација, произведуваат околу 27 отсто од отпадот.

Во Америка по глава на жител се произведуваат просечно 773 килограми ѓубре, што е три пати повеќе отколку во Кина или Етиопија.

Истовремено податоците укажуваат дека Америка е единствената развиена земја која „произведува“ толку многу ѓубре а не успева да го рециклира.

На листата се и Холандија, Швајцарија, Франција и Германија. Британија е 14 на листата и годишно генерира 482 килограми отпад од секое домаќинство.

Најал Смит, еден од авторите на студијата тврди дека во Америка не постои рамнотежа кога станува збор за количеството натрупан и рециклиран отпад. „Рециклирањето слабо функционира во однос на високите примања на граѓаните“, вели Смит и додава дека во Америка рециклирањето е прашање на односот на политичката волја и инфраструктурата.

„По повеќе спроведени истражувања можеме да заклучиме дека инфраструктурата во Америка не пружа доволно можности за рециклирање“, смета Вил Николс, од Верикс мајплкрофт. „Големо количество од американскиот отпад кој повеќе не може да се однесе во Кина се пали бидејќи нема друг начин да се реши тој проблем“.

Светската динамика ја менува токму забраната за извоз на отпадот во Кина, Виетнам, Малезија и Тајланд. На пример, кога филипинската влада ѝ врати 69 контејнери на Канада затоа што азиските земји повеќе не сакаат да бидат депонии на Западот.

Николс вели дека за загадувањето сѐ повеќе се грижи средната класа, а Кина ваквата состојба го решава многу побрзо поради сопствената политичка ситуација.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе