Суровиот епилог на граѓанската војна во Сирија – колку точно луѓе се убиени?

Седејќи на клупа во сенка на големо дрво во близина на манастир во близина на либанската долина Бека, Јасмин, 30-годишна бегалка од сирискиот град Дараја, се сеќава на зборовите кои ѝ ги кажал татко ѝ пролетта 2011 година, на почетокот на протестите против режимот на Башар Ал Асад. „Зошто би користеле сила кога имаме мозоци? Да пружиме мирен отпор“, им кажал таткото на Јасмин и нејзините роднини, кои биле фасцинирани од ветувањата на бунтовниците од Арапската пролет кои го преплавиле регионот.

Инспириран од својот татко, нејзиниот брат, момче во дваесеттите години, на почетокот на востанието се придружил на група посветена на пацифистичка борба, предводена одд Јахја Шурбаи, харизматичен локален активист и организатор. „Сакаме граѓанска држава, на муслиманите и христијаните, алавитите и друзите“, бил нивниот слоган. Јасмин гледала како нејзиниот брат и неговите пријатели како им делат ружи и шишиња со вода на режимските војници испратени во Дараја за да ги нападнат, пишува Атлантик во својата најнова анализа за граѓанската војна во Сирија.

Кон средината на 2011 Асад почнал со убиства и грабнувања на лидерите на протестите, а во исто време од затвор ги ослободил исламистичките екстремисти и милитантите поврзани со Ал каеда. Татко и братот на Јасмин биле меѓу десетиците активисти и демонстранти од Дараја кои режимот ги грабнал. Маченото и измасакрирано тело на еден од овие активисти, 25-годишниот кројач со прекар „Малиот Ганди“, режимот го испратил назад во Дараја, додека останатите, меѓу кои и братот и таткото на Јасмин, останале затворени. Нејзиниот брат бил пуштен во 2012, а потоа бил повторно уапсен во 2013.

Минатиот месец, речиси седум години по апсењето на нејзиниот татко од страна на режимот во Дараја и неговото исчезнување, Јасмин и нејзиното семејство преку адвокат во Дамаск дознале дека неговото име се наоѓа на списокот на мртви на Централната матична канцеларија, владино тело кое ги собира основните податоци за граѓаните.

Не постојат прецизни податоци за бројот на мртвите на листата. Причината за тоа е во фактот што што многу семејства решиле да ги задржат за себе откако ги добиле од канцеларијата, од страв од одмазда од режимот.

Веста за смртта на нејзиниот татко ги дотепало Јасмин и нејзиното семејство. Секогаш кога ќе се обиделе да дознаат нешто за него, властите во Дамаск им кажувале „да го заборават“. Во една прилика им кажале дека татко ѝ е обвинет за поседување тенк – смешно обвинение на сметка на неговата длабока посветеност на мирниот отпор, заедно со фактот што и борбата на Јасмин против режимот била во голема мера пацифистичка, и тоа во времето кога татко ѝ бил уапсен. Нејзиниот брат сѐ уште се смета за жив во режимски затвор. Таа се моли неговото име да не се појави на листата на мртви.

Мазен Дарвиш, наградуван адвокат за човекови права, борец за слободата на говорот и лидер на активистите бил затворен од февруари 2012 до август 2015. Германија на него и неговата сопруга во 2015 им одобри азил, а сега престојува и во Париз бранејќи ги жртвите на сирискиот режим доведени пред локални судови.

Апсењето на Шурбај и некои од најмирољубивите активисти од Дараја, како и бруталното убиство на „Малиот Ганди“ им дале сила на оние кои сакале со оружје да се борат против Асад, а таква динамика се развила во речиси сите градови кои протестирале. „Тие млади луѓе беа олицетворение на демократска, просветена и умерена Сирија за која се залагав“, вели Дарвиш.

Дарвиш вечи дека единствената утеха за неговите убиени пријатели, жителите на Дараја и во голема мера Сиријци, е скората објава на листата на мртвите која ќе ја достави Асад. Таа би требало да послужи како доказ во судските процеси кои тој и други ги водат во европски судови против клучни личности на режимот обвинети за воени злосторства. Дарвиш тврди дека планира да ја искористи листата следниот месец, кога ќе оди на посета на Советот за човекови права на ОН во Женева и Генералното собрание во Њујорк, пишува Атлантик.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе