Судирот меѓу Израел и Хамас се прелева на Интернет (ФОТО+ВИДЕО)

Покрај речиси непрекинатите судири што се водат на теренот, Израел и Хамас водат и „онлајн-војна“ преку социјалните мрежи на Интернет, пренесува Асошиејтед прес. Пропагандата и психолошката војна не се ништо ново, но технологијата што постои денес им овозможува на завојуваните страни побрзо да ги пренесат пораките до целната публика.

 

Користејќи видеоснимки, социјалната мрежа Твитер, СМС-пораки, телефонски повици, спротивставените страни се обидуваат судирите да ги претстават во своја корист.

Па така Хамас апелира до меѓународната јавност, истакнувајќи го големиот број цивилни жртви на израелската офанзива.

Израел, пак, тврди дека ги брани своите граѓани од терористички напади и презема мерки да го спречи убивањето цивили на другата страна. Израелците имс е обраќаат и на Палестинците во Газа, на кои им објаснуваат дека раководството на Хамас е одговорно за судирите.

Во телефонски пораки до жителите на Газа, со повик да ги напуштат своите домови, Израелците тврдат дека Хамас ги користи како жив штит.

Од друга страна, Хамас им испраќа смс пораки на Израелците предупредувајќи ги дека ќе продолжи да го гаѓа Израел со ракети се додека не бидат исполнети палестинските барања, меѓу другото и за завршување на долгогодишната блокада на појасот Газа.

Израелската влада од почетокот на офанзивата објавила над 40 снимки со кои сака да прикаже дека Израелците се во опасност.

Објавени се немонтирани снимки од воени авиони, но и монтирани прилози, графикони и шематски прикази на тунелите кои Хамас ги копа под палестинските куќи во Газа за да стигне до израелската територија.

Војската објавила компјутерски генерирана снимка од палестински екстремисти како наводно се обидуваат да препливаат од Газа во Израел.

На снимката, која на Јутјуб ја виделе над 1.000.000 луѓе, борците излегуваат од морето на песочниот брег, а потоа еден по еден загинуваат од израелски куршуми. Војската под снимката оставила коментар дека четворица екстремисти загинале во акцијата.

Хамас исто така објавува видео снимки, некои се хебрејски текстови, со кои се обидува да го заплаши непријателот, прикажувајќи ја обуката на своите командоси и ракетите испукани кон Израел.

Израел ја почна офанзивата во Газа на 8 јули, од кога загинаа над 650 Палестинци и 29 Израелци.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе