Странските медиуми за српските протести: Вучиќ ги укина мерките против короната баш пред изборите

За протестите во центарот на Белград во кои синоќа се судрија демонстрантите и полицијата пишуваат и светските медиуми.

EPA-EFE

Група граѓани се собра вчера вечерта пред собранието на Србија по најавата на претседателот Александар Вучиќ за повторно воведување полициски час поради влошената епидемиолошка ситуација.

Протестот почна со едвај неколку стотици учесници, но толпата подоцна се зголеми, а откако дел демонстранти влегоа во зградата на собранието, почнаа и инцидентите со полицијата.

Ројтерс пишува дека демонстрантите за порастот на случите на коронавирусот ја обвинуваат владата и дека сметаат дека граѓаните не треба да ја плаќаат цената за грешките на власта. Истакнува дека насобраните бараа оставка од Вучиќ и викаа „Србија се крена на нозе!“

Дојче веле наведува дека за време на протестот со полицијата се судрија илјадници демонстрантите, кои врз службениците фрлале факели, камења, шишиња и јајца и запалиле неколку полициски возила. Додава дека полицијата потоа врз демонстрантите фрлила солзавец.

Во анализата на ситуацијата Дојче веле пишува дека Вучиќ при телевизиското обраќање на заострените мерки кажа дека сите болници во главниот град се речиси полни, наведувајќи дека Белград е особено критичен.

Пренесува дека демонстрантите викаа „Сакаме апсење на Вучиќ“ и „Предавство“.

Си-ен-ен јавува дека демонстрантите кажаа дека владата ги укинала мерките на ограничување за да можат да се одржат изборите во јуни. Наведува дека Србија беше првата земја во Европа која спроведе избори за време на пандемијата и дека во тоа време беа организирани собири со мали или никакви мерки за дистанцирање.

Франс24 пишува дека српската полиција фрли солзавец врз демонстрантите кои протестираа против повторно воведување на полицискиот час. Наведува дека критичарите на власта го обвинуваат претседателот дека пред изборите на 21 јуни, на кои победи неговата партија, прерано ги укина мерките за ограничување. Додава дека со недели за време на предизборната кампања немало речиси никакви мерки за ограничување. Додава дека со недели за време на изборната кампања немаше никакви мерки и дека беа одржувани спортски настани со илјадници гледачи.

Американската агенција Асошиејтед прес пишува дека многумина го обвинуваат автократскиот српски претседател за укинувањето на рестриктивните мерки само за да ја зацврсти власта по парламентарните избори. Се наведува дека со преполни трибини повторно почнаа да се одржуваат фудбалски и тениски натпревари, а дека изборите одржани на 21 јуни и покрај предупредувањата на експертите дека масовните собирања без социјално дистанцирање би можеле да доведат до нов пораст на бројот на инфицираните.

Гардијан во текстот за синоќешните настани јавува дека на протестот биле повредени 43 полицајци и 17 демонстранти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе