Стотици бродови чекаат во светските пристаништа, што ќе го влоши растот на цените

Не престануваат проблемите со светските синџири за снабдување.

EPA-EFE

Во моментов речиси 600 бродови чекаат на утоварување, односно истоварување на стока пред најголемите светски пристаништа. Тоа е двојно повеќе отколку на почетокот на годината.

Речиси стотина бродови се вкотвени пред пристаништата во Хонг Конг и Шенжен поради што драматично растат цените на сите видови стока во Европа и Америка, а што е последница на огромниот пораст на трошоците на транспортот на стока, пишува Фајненшал тајмс.

Најлошо е во јужна Кина каде минатата недела пристаништата на два дена ги затвори и тајфунот кој ја погоди таа област. Иако временски неприлики се чести во глобалниот поморски превоз, во овој момент тоа е само дополнителен проблем имајќи ја предвид постпандемиската криза.

Колку пандемијата влијае врз глобалниот поморски превоз зборува фактот што еден случај на зараза во август го затвори терминалот Нингбо кај Шангај на дури две недели.

„Синџирите на снабдување се погодени од сите страни и се урнаа на досега невидено ниво“, вели Сајмон Хени, аналитичар на поморската аналитичка куќа Друри.

„Проблемите се многу подлабоки од она што го гледате во пристаништата“, кажа тој.

Зголемената побарувачка за потрошувачка стока, нарушувањето во редот на пловењето на контејнерските бродови предизвикано од пандемијата и недоволниот број пристанишни работници и возачи на камиони резултираа со сè подолго чекање за утовар и истовар.

Проблемите дополнително ги продлабочува и тоа што дел од бродовите доаѓаат на одредиштето подоцна од предвиденото, а што потоа го нарушува работењето во целиот синџир на транспорт на стоката. Нарушувањата во синџирот на снабдување така се одразуваат и на претходно спомнатите цени на бродскиот превоз.

Просечната глобална цена на превоз на стандарден контејнер сега е блиску до 10.000 долари, три пати повеќе отколку на почетокот на годината и дури 10 пати повеќе отколку пред пандемијата, покажуваат податоците на Фрејтос.

Детлеф Трефзегер, извршниот директор на Куне и Нагел, една од најголемите транспортни и логистички компании во светот, очекува задушувањето во поморскиот товарен транспорт да потрае најмалку до кинеската Нова година во февруари 2022 година. До тогаш кризата може да стане уште полоша.

Некои сметаат дека кризата може да потрае и подолго од очекуваното, особено ако временските прилики бидат неповолни и ако се случи уште некој пробив на вирусот во кинеските пристаништа.

„Влегуваме во зимскиот период на северната хемисфера што ќе ги донесе вообичаените предизвици – снег, ветар и затворање на пристанишните терминали. Не знаеме што сè може да се случи“, вели Ларс Микаел Јенсен, директор на глобалната океанска мрежа во дански Маерск, најголемиот светски контејнерски превозник.

Јенсен истакнува дека не може да процени дали најлошото поминало. Во Европа бродовите долго чекаат на утовар и истовар пред пристаништата во Хамбург и Антверпен. Од друга страна, бродовите релативно брзо доаѓаат на ред во Ротердам и британски Феликстоу, но тоа не значи дека тие пристаништа немаат проблеми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе