Стапката на наталитетот на втората најголема светска економија паднала на 7,52 родени на 1.000 луѓе, според податоците на Националната канцеларија за статистика, во однос на 8,52 во 2020. Бројките се најниски од почетокот на евиденцијата во 1949 година, кога беше формирана комунистичка Кина.
Тоа е исто така најниска бројка забележана во податоците на кинескиот Статистички годишник – годишната проценка на економијата на земјата – од 1978 година.
Иако властите во 2016 ја ублажија националната политика на едно дете – дозволувајќи им на двојките да имаат по две деца и ублажувајќи некои од најстрогите светски прописи за планирање семејство – промените не успеаја да предизвикаат „бејби бум“.
Минатата година кинеските власти дополнително ја проширија политиката за на двојките да им овозможат да имаат три деца. Но во 2021 година земјата забележала 10,62 милиони родени, според официјалните податоци, со што бројот на жители порасна на 1,41 милијарди.
Стапката на природниот прираст на населението падна на 0,34 на 1.000 жители, од претходните 1,45. „Демографскиот предизвик е добро познат, но брзината на стареење на населението е очигледно побрза од очекуваната“, кажа Живеи Жанг, главниот економист во компанијата Пинпоинт асет менаџмент.
„Тоа упатува и дека потенцијалниот раст на Кина веројатно успорува побрзо отколку што се очекуваше“, кажа тој.
Минатата година резултатите на пописот кој се спроведува еднаш во деценија покажаа дека населението на Кина растело со најспора стапка од 1960-тите. Како причини за помалиот број бебиња се наведуваат повисоките трошоци на живот и културолошкиот напредок, со луѓе сега навикнати на помалку семејства.
Политиката на едно дете ја воведе највисокиот лидер Денг Сјаопинг во 1980 за да го сопре растот на населението и да го промовира економскиот развој, со исклучоци за руралните семејства чие првородено дете било женско и за етничките малцинства.