Српските медиуми за прославата на Олуја: Хрватите кренаа два распаднати „мига“, со тоа ни деца не си играат

Српските медиуми ја коментираа прославата на 25-годишнината на хрватската воено-полициска акција Олуја.

EPA-EFE

Блиц во фокусот го имаше потпретседалот на хрватската влада и претставник на Србите во Хрватска Борис Милошевиќ, додека останатите ги пренесоа изјавите на премиерот Андреј Пленковиќ и претседатело Зоран Милановиќ.

Во извештаите од Книн се издвојуваат оценките на Пелнковиќ дека Хрватска жали поради сите свои жртви и поради воените злосторства извршени од хрватска страна, и пораката на хрватскиот вицепремиер Борис Милошевиќ дека е време да се прифати дека „Србите во Хрватска имале свои жртви и свои страдања“.

Блиц: Што и да направи Милошевиќ, нема да биде добро

„Едно е сигурно. Што и да направи – нема да биде добро“, пишува Блиц на кој фокусот на написот за 25-годишнината на Олуја му е Борис Милошевиќ.

„Миротворец или предавник? Како еден Милошевиќ повторно успеа да гии подели Србите“, гласи насловот на Блиц во кој истакнува дека подолго време ниеден настан не предизвикал таква бура во српската и хрватската јавмост како доаѓање на Србинот на прославата на Олуја.

„Србин, па уште и Милошевиќ, со својот најавен потег ги подели Србите и Србија, па и Хрватска како излогласениот со истото презиме, со кој, вистина, и не може многу да се споредува“, додава Блиц.

Истакнува дека Милошевиќ е првиот Србин кој учествувал во прославата на „најголемото етничко чистење по Втората светска војна во Европа, кое било спроведено над неговиот народ“, додавајќи дека тоа „незапамтено етничко чистење“ однело животи и во неговото семејство.

На крајот на текстот за Олуја Блиц тврди дека мислењата во Србија се поделени. Некои тврдат дека Милошевиќ „ќе наседне на провокацијата“ и „ќе ѝ даде легитимитет на Олуја“, додека други се уверени дека токму со овој потег Милошевиќ најмногу придонесува на трајниот мир и уважувањето меѓу двата народи.

РТС: Националистите испратија порака дека на Милошевиќ местото не му е во Книн

Белградските медиуми, со различни наративи, укажуваат и дека на церемонијата во Книн, со усташки ознаки и извици, се обиделе да се придружат припадници на единиците на поранешен ХОС (Хрватските одбранбени сили).

Тие извештаисе проследени со различни наслови, од „Усташка забава во Книн“ до „Инцидент на одбележувањето на Олуја – ХОС-овци пристигнаа во Книн со маици „За дом спремни“ и извикот „Во бој, во бој““.

РТС истакнува дека припадниците на ХОС со својот потег покажале дека на Милошевиќ не му е местото на прославата на Олуја во Книн.

Курир: За главниот злосторник Анте Готовина српски жртви не постојат

Курир ги пренесува изјавите на Пленковиќ и Милановиќ, но во фокусот го става говорот на Анте Готовина.

„За главниот злосторник во Оулја Анте Готовина српски жртви не постојат“, пишува Курир во написот во кој Олуја ја нарекуваат „злосторничка акција“.

Информер се потсмева со Хрватска поради воените авиони.

Информер ѝ се потсмева на Хрватска во текстот за годишнината на Олуја со наслов: „Каква воена сила! За прославата на Олуја во Книн Хрватите ги кренаа двата свои распаднати МиГ-21 – со такви играчки кај нас ни децата не си играат“.

„Но, секој се гордее со она што го има“, почнува ироничниот текст.

„Хрватска со два распаднати МиГ-21, а Србија со 10 модернизирани МиГ-29“, пишува Информер и додава дека Хрватска за две години ќе остане „и без тие два мига“, додека Србија за четири месеци „ќе биде посилна за четири МиГ-29 кои доаѓаат од ремонт во Белорусија“.

На крајот на текстот заклучуваат дека „Хрватска со Србија како воена сила не може да се споредува“.

Агенцијата Танјуг го пренесува ставот на шефот хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман, кој доаѓањето на Милошевиќ на годишнината на Олуја го нарече „пресврт“ и „фантастична порака до Србија“ да се сврти кон иднината.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе