Српски дипломат: Тачи очекува Специјалниот суд да не го потврди обвинението

Одложувањето на оставката на косовскиот претседател Хашим Тачи е тактички потег, бидејќи очекува судот можеби да не го прифати предлог обвинението, вели српскиот дипломат и поранешен амбасадор Владислав Јовановиќ.

EPA-EFE

„Тачи навести давање оставка, но тоа го остави за подоцна очекувајќи судот можеби да не го потврди обвинението, што може и да се случи. Не е сосема сигурно дека тој ќе биде изведен пред правдата“, кажа Јовановиќ и додаде:

„Тој суд сепак е направен од страна на западните сили, токму оние кои го создадоа Косово и од него сакаат да направат прифатена независна држава“.

Вели дека треба уште малку да се причека, за да биде јасно што се крие зад сето тоа.

„Можеби на Тачи некој му шепнал дека тоа е неопходно за да се сопре американската офанзива во преземањето на главната улога околу продолжувањето на преговорите за Косово, а дека сепак ќе биде средено на заемно прифатлив начин. Тоа е можност која не ја исклучувам“, смета Јовановиќ.

На прашањето за посетата на премиерот на Албанија Еди Рама на Косово, Јовановиќ велид ека таа посета е всушност дел од доследноста на Рама на првичната концепција на Призренската лига – создавање единствена албанска држава на Балканот.

„Тие тоа не го викаат Голема Албанија, но во очите на другите – Грците, Србите, Македонците, Црногорците, тоа е проектот Голема Албанија. Тој слични ставови заземаше кога директно побара од српскиот претседател Александар Вучиќ, односно од Србија, да ја признае независноста на Косово. Тоа беше крајно невообичаено за гостин кој доаѓа во земјата домаќин, која е оптоварена со тоа болно прашање. Тој тоа така брутално, не само да го искаже својот став, туку и да побара од домаќинот да ја голтне гордоста и да се откаже од дел од својата територија“, истакна Јовановиќ.

Според него, помалку или повеќе сите албански политичари, и оние кои „на времето носеа црвени марами“ и овие денес, се единствени во поглед на посветеноста на нивната ветена цел.

„Можат и да се мразат, меѓусебно да се уништуваат, но сите тие работат кон една цел. Од таа страна човек мора да им признае дека се апсолутно доследни во остварувањето на својот национален завет. Додека другите народи не можат да се пофалат со таква компактност. Ние Србите го немаме тој вид национално единство. Ние сме склони да се делиме како амеби и да се спротивставуваме меѓусебно. Меѓутоа, Албанците се пример кој може да инспирира и други да го постигнат тоа единство“, смета тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе