Српски аналитичар: САД бараат почитување на Резолуцијата 1244? Тогаш треба сами на себе да си воведат санкции

Српскиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ смета дека указот кој го донесе американскиот претседател Џо Бајден има за цел Америка да се обиде да ја замрзне состојбата која ја наметна на Балканот.

EPA-EFE

Овој аналитичар и историчар ја коментираше одлуката со која се проширува иницијалниот указ донесен во 2001 година, како и критериумите за воведување на американски санкции.

„Америка знае дека нејзината моќ опаѓа и дека Русија и Кина се сè посилни, односно дека полека се реафирмира кај многу држави чувството на слобода и дека повеќе нема да го прифаќаат американското самоволие. Затоа сега се обидуваат тој процес на слабеење на нивната доминација да го закочат со тоа што се закануваат со санкции не само на државите, туку и на политичарите. Тука се препознава можноста, како што се прогонуваат „неподобните“ политичари од Белорусија до Јужна Америка, истите мерки да се применат и на Западниот Балкан против поединци во политичкиот и општествениот живот на земјите кои не се до крај покорени. Значи, ова е обид за застрашување“, уверен е Анѓелковиќ.

Тој истакнува дека повикувањето на почитување на Резолуцијата 1244 во овој документ делува смешно, бидејќи тогаш Американците би требало сами на себе да си воведат санкции.

„Тие се првите кои ја кршат таа резолуција со признавањето на лажната косовска држава. Но, нормално, кај нив тие нешта не се проблем и кај нив постои огромен расчекор меѓу зборовите и делата, односно двојни стандарди, така што со слободно толкување ќе излезе дека она што го прават е реафирмација на Резолуцијата 1244, макар и да ја газат, а оние кои на неа се повикуваат во изворната форма, како и на Дејтонскиот договор, со тоа го кршат меѓународното право. Има тука многу празни зборови кои ќе се користат по потреба и тоа е едноставно еден насилнички модел на однесување. Насилникот сè што ќе усвои го користи за само уште повеќе да врши насилство и да се оправда себеси“, заклучува Анѓелковиќ.

Со новиот указ се опфатени и Преспанскиот договор од 2018 и Охридскиот рамковен договор, како и Меѓународниот механизам за кривични судови.

Бајден оцени дека ситуацијата на територијата на поранешна Југославија во изминатите две децении е сложена и вклучува поткопување на повоените договори, како и широко распространета корупција во многу институции во овој регион, и дека „ваквиот поредок претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на регионот“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе