„Запамтете кои ви се пријателите“

Средбата Трамп-Путин е сѐ поблиску, расте нервозата на Западот

Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Хелсинки на 16 јули. Поради шпекулациите дека Трамп ќе ја признае руската анексија на Крим, западните сојузници пред средбата не спијат мирно.

Откако направи сѐ за да ги вознемири сојузниците, со воведување царини на извозните производи и доведување во прашање на безбедносниот чадор на НАТО, претседателот на САД ќе се сретне со Владимир Путин во Хелсинки.

„Фактот дека ова е првиот голем самит на Трамп и Путин е важен, имајќи предвид дека Трамп во неколку наврати изрази желба за поправање на односите со Русија“, смета Ерик Братберг, директор на европската програма во аналитичката група Карнеги ендаумент фор интернешнал пис.

Трамп минатата недела на митинг во Монтана ги отфрли шпекулациите дека премногу се приближува до Москва.

„Добрите осноси со Русија и добрите односи со Кина и добрите односи со другите земји се позитивни, а не негативни нешта“, кажа тогаш Трамп.

Блејз Мистал од непрофитната организација Бипартисан полиси сентер кажа дека самитот на НАТО би можел да го одреди тонот на средбата на Трамп и Путин на 16 јули.

„Путин веројатно ќе продолжи со својата игра на ширење на пукнатините во единството на сојузниците кои се појавија на самитот во НАТО“, вели Мистал.

Тврдењата за руското мешање во американските претседателски избори од 2016 се надвиснати над средбата во Хелсинки. Неодамнешниот непартиски извештај на американскиот Сенат ги поддржа спомнатите тврдења за руска вмешаност.

Меѓутоа, Трамп веројатно нема да разговара за тоа прашање во Хелсинки, смета Братбург. Тој истакнува дека американскиот претседател „претходно ги отфрли тврдењата за руско влијание, кажувајќи дека му верува на Путин кој вели дека тоа не е вистина“.

Критичарите на Трамп истакнуваат дека тој ја одбра политиката на унапредување на односите со Русија, додека односите со Канада, Франција и другите сојузници се влошуваат. Трамп ги обвинува традиционалните сојузници дека со нив Америка има трговски договори на своја штета и дека не плаќаат доволно за американската воена заштита.

Поранешниот американски амбасадор во НАТО Дениел Фрид американскиот пресврт во надворешната политика го толкува како повторна појава на долго потиснуваната американска тенденција кон изолационизам.

„Американската традиција се врати по 80 години, а Трамп ја искористи“, предупредува Фрид, кој сега работи во Атлантскиот совет.

Наби Абдулаев, политички и безбедносен експерт за Русија, предупредува дека средбата во Хелсинки нема да донесе многу во смисла на политички резултати. Двајцата државници ќе ја искористат средбата за промотивни цели, смета тој.

Украина и Сирија веројатно ќе бидат важните теми на состанокот. Трамп сака да ги повлече американските единици од Сирија, а Путин, пак, е еден од главните фактори во од војна разурнатата земја.

Сепак, Абдулаев предупредува дека Русија не е во позиција да го истурка Иран од Сирија, што е клучното барање на Израел, со кој Трамп останува во блиски односи.

„Руското влијание врз Техеран не е доволно да ја победи стратешката важност на Сирија“, вели Абдулаев.

Можното руско отстапување во Сирија би можело да биде условено со договор за Украина.

Трамп одби да ја исклучи можноста за американско признавање на руската анексија на Крим од 2014, а тоа, пак, би бил „благослов“ за промена на европските граници со употреба на сила.

 Кој било успех во Европа, вклучувајќи го и неодамнешното турско вртење кон Москва, од руска перспектива е победа.

Меѓутоа, Трамп не контролира сѐ и не може да понуди бескрајни отстапки.

На пример, американскиот Конгрес изгласа санкции против Русија.

Мистал смета дека Путин „би можел да се обиде да го одврати Трамп од засилена воена соработка со Полска и балтичките земји“, бидејќи Русија е сомничава околу американските интереси во тој регион.

„Не давајте нешто за ништо. Не договарајте глупави зделки. Не е погрешно да се работи со Русите, но немојте да го преплаќате тоа“, го советува Дениел Фрид претседателот Трамп.

И за крај додава: „Запомнете кои се вашите пријатели“.

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе