Ное цирхер цајтунг

„Србија заглавена меѓу лажните пријатели Русија и ЕУ“

Најголем чекор е решението на името на Македонија, но има знаци на поместување и меѓу Белград и Приштина, пишува одличниот познавач на Балканот Андреас Ернст за Ное цирхер цајтунг.

„Заглавен меѓу лажни пријатели“ гласи насловот на текстот во угледниот швајцарски весник, кој зборува за позицијата на Западен Балкан меѓу Западот и Истокот.

„Од една страна стои Русија, чијашто улога сè повеќе се сведува на тоа како партибрејкер да го подрива или барем да го забавува врзувањето на регионот за Западот. Од друга страна, Европската Унија со бескраен, мошне формализиран процес на интеграција, симулира интересирање за регионот, кое веќе одамна не постои“, пишува во овој текст одличниот познавач на Балканот Андреас Ернст, кој со години беше дописник од Белград.

Фатени во таа меѓусостојба, општествата на Балканот изгледаат парализирано. Под туторство на авторитарни водачи тамошните економии стагнираат, а образованата младина масовно се иселува на Запад.

Албанскиот интелектуалец Ремзи Лани саркастично поентираше: „Транзицијата е готова. Не како што се надевавме, од диктатура во демократија, туку од репресија во депресија.“

Ернст понатаму пишува дека најголем чекор е решението на името на Македонија, но дека има знаци на поместување меѓу Белград и Приштина. Основа за тоа е начелната согласност на двајцата претседатели, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, дека одржливото помирување меѓу Србите и Албанците е подобро од замрзнатиот конфликт. За таа цел, пишува понатаму во швајцарскиот весник, Вучиќ и Тачи „пуштија пробен балон: идејата за размена на територии“, која на Запад наиде на поделени реакции.

Но за авторот интересна беше реакцијата на Москва. „До скоро Путин имаше обичај на своите српски соговорници да им вели дека ‘тој не може да биде поголем Србин’ од нив самите. Со други зборови: тој гарантира дека ќе се противи на косовската независност само додека се противат и Србите. Но тогаш минатата есен во разговорот во четири очи со Путин пропадна идејата на Вучиќ за територијален компромис. Путин, како што пренесува Максим Саморуков од московскиот Центар ‘Карнеги’, одбива трговија на чиј крај стои признавање на независноста на Косово.“

Зад тоа, пишува Ернст, се крие намерата на Русија Србија – а особено Вучиќ – да останат во прегратките на Кремљ. „Српското раководство стана заложник на проруската еуфорија, со која од деведесеттите се слави пријателството со поголемиот словенски брат. Ниеден српски политичар во својата татковина не е ни одблизу толку популарен како Путин. Вучиќ ризикува конфликт со Кремљ ако без задршка тргне по курсот на помирување (со Приштина). А тоа со голема кампања брзо може политички да го докрајчи. Кај српската Црква и во голем дел од националистичката јавност какви било попуштања во косовското прашање и без тоа важат за предавство на државата.“

„Но зошто Европејците, пред сè Германија, му се противат на договорот на Тачи и Вучиќ?

Бугарскиот политиколог Иван Крастев има одговор: ‘Никаде Европа не се однесува толку идеолошки како на Балканот’.

Тоа, смета Крастев, има врска со самосвеста на Европејците. ‘Југословенските војни го одредија идентитетот на Европејците повеќе од сè друго по паѓањето на Ѕидот’. Милошевиќ и другите националистички политичари од југословенските простори со опседнатоста за етничка доминација и борба за територии станаа симбол на ‘Европа каква што повеќе не сакаме’.“

Ноје цирхер цајтунг пишува дека по победата над Србија во 1999 година изгледаше дека национализмот и промената на границите засекогаш се поразени. „Европска Унија се градеше како лидер на мултиетничката демократија на Балканот. Тие идеи во некои држави на ЕУ се држат по секоја цена, дури и во случајот на Косово каде што таа идеја е фикција. Не е лесно да се објасни оваа идеолошка тврдоглавост. Кога би се откажале од неа заради пореална процена, тоа би било признавање дека проектот пропаднал.“ 

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе