Еуроактив

Србија на патот кон ЕУ не ја кочи Хрватска туку две други земји

Иако во Србија се мисли дека главната пречка на патот кон Европската Унија ќе ѝ биде Хрватска, вистинската „опасност“ доаѓа од едно правило кое ЕУ не сака да го менува, пишува Еуроактив.

Во текстот на новинарот Аугустин Палокај се наведува дека суштински најголемите „непријатели“ на Србија на патот кон членството во ЕУ всушност ѝ се Германија и Франција кои не сакаат да се откажат од правилото дека секоја членка на ЕУ има право на вето на проширувањето.

„Кога станува збор за преговорите со Србија, иако јавноста на Србија се забавува со тоа дека „Хрватска ги кочи“, главните кочничари се Германија и Франција. Тие сакаат постапката да продолжи, но не и да забрза. Сакаат Србија да верува дека ќе влезе во ЕУ, но не се согласуваат да ветат можни рокови“, се наведува во текстот.

ЕУ инаку често е блокирана од спороста и можноста секоја членка да стави вето на бројни одлуки на Унијата, поради што претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер предложи преминување од принципот на консензус на квалификувано мнозинство при гласањето во Советот на ЕУ и кога станува збор за надворешната политика. Јункер тоа го објасни со потребата Унијата да ја зголеми својата можност да зборува со еден глас.

Меѓутоа, едно старо вето останува, се наведува во текстот, а станува збор за ветото на проширување од кое не сакаат да се откажат Франција и Германија. „Тие ни во сон не би се согласиле на тоа да немаат право и можност да го одбијат влегувањето на Турција во ЕУ“, се истакнува.

„Значи, уште долго, можеби додека постои Европската Унија, секоја држава членка ќе може барем 76 пати да ја сопре државата кандидатка на патот кон ЕУ, а на крајот и да ја отфрли“, заклучува Еуроактив.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе