Во духот на Студената војна

Спутник: Што бара американски шпионски авион над Крим?

Во последно време е зголемена активноста на странските извидувачки авиони и беспилотни летала во близина на границите на Русија, пишува Спутник.

Последниот случај беше забележан во близина на Крим, а руските воени експерти предупредуваат дека таквите летови само ја влошуваат ситуацијата и истакнуваат дека таквото однесување е во духот на Студената војна.

Претходно порталот за мониторинг Плејн рејдар објави дека американски авион боинг П-8А посејдон во вторникот извршил извидување на просторот над Керчкиот Мореуз и Кримскиот Полуостров.

Порталот наведе дека „посејдонот“ на американската воена морнарица врши извидувања вдолж срноморскиот брег на Русија.

Американскиот шпионски авион, со регистарски број 168764, се приближил на само 24,61 километар од брегот на Крим.

Претходно истиот ден извидување во тој регион вршел американски дрон ар-кју-4 глобал хок, кој летал вдолж зоната на разграничување во Донбас.

По зачестеното извидување во регионот на Крим и Краснодарската област, како и во близина на западните граници на Русија, официјална Москва повеќе пати му укажа на Вашингтон на опасноста од преголемото приближување на странските мисии на границите на Русија, а руското министерство за одбрана повеќе пати побара од Вашингтон да се откаже од таквите операции. Пентагон, по сѐ изгледа, нема намера да го направи тоа.

Рускиот воен експерт Олег Глазунов вели дека ситуацијата е загрижувачка и дека личи на онаа од времето на Студената војна.

„Ако ги земеме предвид нашите односи со Соединетите Држави, тогаш е јасно дека тие летови се обавуваат во разузнавачки цели. Новната главна задача е да ги откријат руските јазли на одбрана, нивото на заштита и системите на противвоздушна одбрана. Таквото извидување е во духот на Студената војна и тоа предизвикува загриженост“, вели Глазунов за Спутник.

Тој додава и дека политиката на (американскиот претседател) Доналд Трамп е целосно непредвидлива, и оди од зближување со Русија до целосна конфронтација.

„Тоа во голема мера ја влошува ситуацијата. На ниедна земја не ѝ се допаѓа кога такви разузнавачки мисии се водат на нејзините граници, бидејќи такви работи обично се прават пред напад. Ние, на пример, не изведуваме извидувачки летови над територијата на Соединетите Држави. Ние сме мирољубова земја, но од американската страна може сѐ да се очекува“, смета рускиот експерт.

Авионот боинг П-8А е од составот на десеттата патролна ескадрила на американската воена морнарица. Наменет е за откривање и уништување на непријателски поморници, како и за извидување и учество во противбродски и спасувачки операции, и во крајбрежните региони и во океаните.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе