Според влијателен американски портал: Хрватска бесрамно ги прикрива своите злосторства во холокаустот

Американскиот онлајн магазин Таблет, отворен во 2009 година, е еден од највлијателните еврејски медиуми во светот и го цитираат сите, од Њујорк тајмс до Асошиејтед прес. Деновиве на Таблет е објавен подолг текст на Менахем Розенсафт со наслов „Хрватска бесрамно се обидува да ги исфрли од историјата своите злосторства во холокаустот“, во кој Хрватска се става во контекст на „алармантниот и сѐ поголемиот бран на антисемитизам во источна Европа“. Станува збор за најновиот пример за тоа како политиката на хрватските власти кон малцинствата и антифашизмот му нанесува штета на државниот имиџ, пишува Индекс.

На почетокот на текстот се потсетува дека лидерите на еврејското малцинство, заедно со лидерите на српското малцинство, во изминатите две години ги бојкотираат државните комеморации во Јасеновац, „покажувајќи исклучителни морална храброст и интегритет“ со своето одбивање „да го одобрат историскиот ревизионизам со одекот на негирање на холокаустот, чија цел е да се рехабилитираат усташите, хрватското фашистичко движење предводено од националистичкиот диктатор Анте Павелиќ“. Според Таблет, усташите „агресивно и решително убиле стотици илјади Срби и десетици илјади Евреи за време на Втората светска војна“.

Се истакнува дека во Хрватска се одвива „рехабилитација и глорификација на усташите“, а како прв пример за тоа се наведува фудбалскиот натпревар меѓу хрватската и израелската репрезентација во 2016. „Хрватските навивачи го скандираа озлогласениот усташки поздрав „За дом спремни“, а хрватскиот премиер седеше на трибините и не реагираше“, пишува Таблет и додава дека по натпреварот тогашниот премиер Тихомир Орешковиќ сепак издал соопштение во кое се тврди дека тој и неговата влада „ги осудуваат усташите“. Тоа го направи и претседателката Колинда Грабар Китаровиќ при својата посета на Израел во 2015, но подоцна во Канада се фотографираше со иселеници кои држеа „знаме со усташки симболи“.

Американскиот портал во својот текст детално се занимава со поставувањето на спомен-плочата на загинатите хрватски бранители со усташкиот поздрав во Јасеновац и се критикува владата на актуелниот премиер Андреј Пленковиќ бидејќи истата веднаш не ја отстранила.

Се истакнува дека геноцидот врз Евреите, Србите и другите во Независна Држава Хрватска не се спроведувал од страна на Германците, туку дека го спроведувале домашните сили „без учество на СС и германските војници“. Таблет потсетува дека усташите основале неколку логори, од кои најстрашен бил Јасеновац кој го опишуваат како „Аушвиц на Балканот“. Се критикува и актуелната поставка на музејот во Јасеновац кој „повеќе е претставен како собирен и работен логор“ а не како логор на смртта.

Доста простор во текстот е посветен на антисемитските изјави на Фрањо Туѓман во времето кога беше претседател, па се спомнува и неговата позната изјава дека е среќен што сопругата не му е ни Србинка ни Еврејка, како и дека го намалувал бројот на убиени Евреи во НДХ, за што подоцна двапати му се извинувал на Светскиот еврејски конгрес. „Туѓман ефективно го почна процесот на претворање на усташите во хрватски патриоти, тврдејќи дека Хрватите фашисти и Хрватите антифашисти заслужуваат подеднакво признание за својата служба на татковината“, заклучува Таблет и го цитира Њујорк тајмс кој во 1997 година објави дека очигледно е дека „Хрватска не успеала да се соочи со своето фашистичко наследство“ и дека „Хрватите ги рехабилитираат хрватските колаборационисти усташите“. Се истакнува дека усташката валута куната Тужман ја прогласил за важечка валута на современа хрватска.

Американскиот магазин пишува и дека поствоената одмазда на Титовите партизани не може да се споредува и изедначува со усташките злосторства, и дека и во Србија се рехабилитираат нацистичките соработници. „Маскирањето на усташите во национални херои и примери има загрижувачки конотации во земјата и регионот, каде етничката омраза и конфликтите имаа катастрофални последици, не само за време на Втората светска војна, туку и за време на балканските војни во деведесеттите“, пишува Таблет и на крајот на својот напис за подемот на усташтвото во Хрватска апелира до меѓународните институции да се ангажираат околу овој проблем.

Авторот на текстот на Таблет, менахем Розенсафт, е професор по право на американските универзитети Корнел и Колумбија, и е правен советник на Светскиот еврејски конгрес.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе