Софагејт: Дипломатскиот инцидент го наруши кревкото единство на ЕУ

Состанокот на европските функционери со претседателот на Турција пред три дена, за време на кој претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен остана без стол, а претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изреагира аматерски, е предмет на бројни анализи на европските медиуми.

EPA-EFE

Една од највпечатливите карактеристики на досегашното претседателство на Шарл Мишел е неговиот активизам во дипломатијата. Повеќе од своите претходници, тој тестира колкав маневарски простор договорите на ЕУ му даваат на претседателот на Советот да ја обликува нејзината надворешна политика.

Тоа не изненадува, имајќи ги предвид неговите досегашни резултати додека беше белгиски премиер, а пред тоа министер за меѓународен развој. Но, при посетата на Турција, односно на претседателот Реџеп Таип Ердоган, претензиите на Мишел на статусот меѓународен државник се стуткаа и умреа.

Она што е наречено „Софагејт“, моментот кога претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен откри дека е промашена во распоредот на седење, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го изложи како аматер. Во политиката има малку стари аксиоми како „раскарај па владеј“, но Мишел изгледаше како никогаш да не слушнал за тоа, пишува Политико.

Она што можеше и требаше да биде повод за солидарност на ЕУ, Мишел и Фон дер Лајен сепак беа на заедничко патување за давање поддршка на заедничката изјава за политиката кон Турција, се претвори во уште еден пораз на ЕУ предизвикан од меѓуинституционалното ривалство.

Само наивен преговарач би го очекувал најдоброто од Ердоган и има многу причини зошто Мишел тоа требаше да го знае, тврди Политико.

За време на емигрантската криза во 2015-2016 година, кога Мишел беше белгиски премиер, а со тоа и член на Европскиот совет, сведочеше како турскиот претседател ги надмудри Европскиот совет и Европската комисија. Додека германската канцеларка Ангела Меркел очајнички бараше договор да го сопре протокот на емигранти кои го минуваа источниот Медитеран, Ердоган им се закани на тогашните претседатели на советот и комисијата – Доналд Туск и Жан Клод Јункер – дека ќе пушти голем број бегалци кон Грција и Бугарија.

Значи, иако Ердоган можеби беше иницијатор на дипломатскиот разговор, Мишел нема оправдување за невнимателноста. Не требаше да ја игра дипломатската игра на музички столчиња, ниту да се држи до Ердоган и не стана – буквално – за Фон дер Лајен.

Зад кулисите во институциите на ЕУ ќе трае истрагата за тоа како воопшто се случи овој дипломатски инцидент. Кои беа утките во подготовката, недостигот од внимание во смисла на процедурата и протоколот? Како тоа за распоредот на седењето да не е разговарано?

Истрагата би можела да биде непријатна за амбасадорот на ЕУ во Турција Николаус Маер Ландрут, германскиот дипломат кој беше советник на Меркел и кој можеше да го спречи понижувањето на претседателката на Европската комисија.

Сепак, она што се случува зад кулисите веројатно е помалку важно од она што се случи, неспособноста за проценка на Мишел. Политичарот кој труби за своите либерални вредности остана во најдобар случај негалантен, лажен феминист.

Она што го прави „Софагејт“ длабоко штетен за Мишел е тоа што не станува збор само за протокол. Намерното понижувачко постапување кон Фон дер Лајен доаѓа само неколку недели откако ЕУ ја осуди Турција поради повлекувањето од Истанбулската конвенција – меѓународниот договор за човековите права во спречувањето на насилството врз жените. Ако ЕУ сериозно бара од Турција почитување на правата на жените, тогаш Мишел не може да биде попустлив во понижувањето на жената која е претседателка на Европската комисија.

Протоколот и политиката не може да се разделат. Посетата на лидерите на ЕУ на Турција неделава беше момент за откровение и не го покажа Мишел во добро светло.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе