Со болест од 21 век се бориме со оружје од 20 век

Подобрите и побрзите здружени системи со податоци се клучни за справувањето и спречувањето пандемии како што е ковид-19 - како и на посекојдневните болести.

Ковид-19 ги изложи недостатоците на националните системи за откривање и превенција на болести во многу земји во Европа, како и во САД. Во Велика Британија, трагањето по контактите беше рано напуштено поради недостиг од капацитет. Пред само три недели, владата беше подготвена да дозволи илјадници Шкоти да пропатуваат низ Англија до Велс и назад на рагби-натпревар, а ѝ требаше еден месец за да развие стратегија за помасовно тестирање. По една деценија штедење и децентрализација, ние се обидуваме да ја вратиме изгубената мускулна меморија на јавноздравствената реакција.

Нема да поминат 100 години до следната пандемија. За тоа ќе се погрижат растот на населението, човечката инвазија на животинските живеалишта и продолжувањето на брзото патување меѓу континентите. Уште поитно ни е потребен систем по карантинот, за да спречиме некој втор бран на пандемијата ковид-19 да биде полош од првиот.

Нашиот недостиг од обединети и здружени информациони системи значи дека сè уште не можеме да одговориме на многу важни клинички прашања што се од значење за оваа епидемија. Кои претходни заболувања и лекови ги прават луѓето склони кон инфекција со ковид-19 или лош исход? Дали некои луѓе се генетски подложни и, ако е така, дали лечењето и создавањето вакцини треба да го земат предвид ова? Зошто на некои помлади им е потребна хоспитализација, но едвај ја забележуваат инфекцијата? Националните здравствени системи на иднината би можеле да одговорат на овие прашања со пуштање неколку компјутерски програми.

Откако ќе помине пикот на епидемијата, ќе треба да ја отвориме економијата и да го продолжиме потребното патување, држејќи го ковид-19 задушен. Изникнуваат креативни решенија што побрзо ќе нè одведат до таму, како што се апликациите за да следиме со кого сме стапиле во контакт, за тие да може да бидат предупредувани ако се заразиме, и седмично тестирање на целата популација преку дистрибуирана мрежа на лаборатории. Во Велика Британија, една апликација за следење на ширењето на симптомите слични на ковид беше преземена повеќе од 2 милиони пати за неколку дена. Во САД, мрежата поврзана со блутут од милион дигитални термометри генерира здравствена климатска мапа што ја следи епидемијата. На јавноздравствената работна сила ѝ се потребни нови дигитални алатки како овие за да можат брзо да одговорат. И додека да испливаме од оваа акутна катастрофа, треба да ги градиме темелите за идниот одговор.

Замислете кога би можеле да ги поврземе информациите за факторот на ризик од записите од примарната здравствена заштита со податоците за исходот од ковид-19 за неколку часа, а не месеци, и на тој начин да одговориме на сите прашања во врска со факторите на ризик за инфекција и за смрт. Замислете кога би можеле да ги поврземе податоците за ковид-19 со индивидуалните секвенци на геноми во безбедна база на податоци за истражување..., и со тоа да одговориме на прашањето за генетска подложност.

Одговорот на пандемијата веројатно ќе предизвика рецесија, ако не и целосна депресија. Инвестирањето во национална дигитална здравствена инфраструктура поврзана со биопримероците би претставувало мал дел од досегашниот економски одговор, вели Гардијан.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе