Словенија до 2100 ќе изгуби 284.000 жители, ќе останат главно старци

Поради ниската стапка на наталитетот и продолжувањето на животниот век, Словенија се наоѓа пред големи демографски промени поради кои во 2010 би можела да има 284 илјади жители помалку од денес и голем удел на стара популација која ќе бара големи трошоци за трајна грижа.

Ако ништо битно не се промени, Словенија во 2100, според проекциите на европската статистичка канцеларија, ќе има околу 1,8 милиони жители, што е 284.000 помалку од денес, при што третина од популацијата ќе биде постара од 65 години, пренесе словенечкиот статистички завод.

Националните планови, меѓутоа, предвидуваат сегашната стапка на наталитетот, односно бројот на родени бебиња по жена во плодната доба, да се зголеми од сегашните 1,61 на 1,77 до 2100 година, но демографските проблеми нема да бидат помали бидејќи се продолжува и животниот век на просечниот Словенец па и тој ќе се зголеми на 89 за мажите и 93 за жените на крајот на проекцискиот период, предупредуваат статистичарите.

И покрај политиките на демографска обнова и кревање на наталитетот, населението на Словенија станува сѐ постаро. Така постарите од 65 години во 2018 сочинувале 19,4 отсто од вкупната популација, а за осумдесет години нивниот удел ќе биде поголем од 30 отсто.

Од друга страна уделот на децата помлади од 15 години, предвидуваат статистичарите, во населението уште некоја година ќе се зголемува, а потоа поизразено ќе паѓа.

Минимумот на децата во популацијата според тие проекции во 2100 би бил само 13,9, а до тогаш земјата од сегашните малку повеќе од два милиони жители би паднала на 1,8 милиони.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе