Словенечко Дело: Србија ќе мора да се одлучи, Путин би ја „продал“ за Крим

Србија ќе мора да се одлучи меѓу НАТО и Русија, пишува словенечкиот весник Дело, во коментарот за значењето на откривањето на разузнавачката афера во Србија.

Весникот оценува дека „шпионскиот скнадал“, во кој е вклучен и руски агент, ќе има длабоки политички последици во Србија и дека односите меѓу двете земји се во поголем проблем отколку што изгледа.

„И покрај обидите за релативизирање на скандалот, постои сомнеж во искреноста на руската поддршка, која се очекува од поголемиот дел на српската јавност“, тврди Дело во коментарот со наслов „Тргување со малигното руско влијание“.

Венсикот понатаму наведува дека во игра би можела да биде недовербата на Москва во тоа колку е цврст ставот на Србија за воената неутралност и сомнежот дека највисоките српски функционери се поблиски до НАТО отколку што тоа го покажуваат во јавноста.

„Заговорниците на таквото сценарио се потпираат на напорите на проруските пратеници да се вгради воената неутралност во уставот. Се наведува дека тоа е целта на Кремљ во обидот да спречи Белград тајно да флертува со НАТО“, тврди Дело.

Се предупредува дека, во случај „шпионскиот скандал“ да е организиран во Белград, тоа би можело да значи почеток на одалечувањето на Србија од Русија.

Весникот смета дека рускиот претседател Владимир Путин има поважни сфери на интерес од Балканот и блокирањето на НАТО и тврди дека Русија би се откажала од Балканот без борба во корист на американското спонзорство, доколку САД и ЕУ ѝ овозможат на Москва да ја легализира „анексијата на Крим и на југоисточна Украина“.

Во коментарот се заклучува дека е малку веројатно дека Србија засекогаш ќе може да ја одржи својата воена неутралност.

„Нејзината геостратегиска позиција бара таа или да ѝ се придружи на Русија или на НАТО и да престане да прифаќа бескрајно флертување и со едните и со другите“, наведува Дело.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе