Словенечки аналитичар: Балканот ќе стане еден од главните фронтови за САД, затоа сакаат прашањето на Косово што побрзо да се реши

Словенечкиот аналитичар и професор по геополитика Ларис Гајзер наведува дека Балканот во следните месеци ќе стане повторно многу важен за големите сили.

EPA-EFE

Тој смета и дека влијанието на САД ќе биде засилено, додека кинеската надворешна политика ќе претрпи последици поради пандемијата на коронавирусот, и истакнува дека именувањето на (МИрослав) Лајчак и (Жосеп) Борел за дијалогот на Косово е погрешен потег на ЕУ.

„Со актуелната криза, Балканот ќе стане уште поважен за големите сили. Глобалните триења меѓу Кина и САД ќе се засилат имајќи предвид дека Кина сака да се пробие, за да ги дестабилизира системите на ЕУ и НАТО, преку Балканот и централна Европа, и нормално е што Вашингтон сега ќе се обиде силно да се спротивстави на реакцијата користејќи ги кинеските слабости. Кинеската надворешна политика ќе претрпи долготрајни последици од кризата со пандемијата на ковид-19 а Балканот ќе стане еден од главните фронтови за САД. Во рамки на таквото сценарио, мислам дека е очигледно дека САД сакаат косовскиот јазол брзо да се реши“, кажа тој за Косово онлајн.

На прашањето дали сега е воопшто возможно да се очекува конференција каква пред пандемијата подготвуваа официјален Париз и Берлин, тој смета дека тоа е малку веројатно.

„Конференцијата би била возможна, но малку е веројатно дека наското ќе се организира. ЕУ ја снајде криза во кризата и мора пред сѐ да се стабилизира. Поради недостигот на соодветен одговор на италијанската и шпанската криза, ЕУ ја зајакна општата перцепција на важноста на одделни држави губејќи ја приликата трајно да се вкотви во нашата заедничка судбина“, кажа Гајзер.

„Ковид-19 ги забрза процесите на преобликување на меѓународниот поредок. Претходно ЕУ беше проект важен за САД по Втората светска војна. Сега брегзитот заедно со германската доминација во Европа се причина за подлабоко, обновено ангажирање на Вашингтон во нашиот регионален баланс на силите. Секоја конференција е добредојдена како објаснување околу опциите, но секоја идна конференција за Косово ќе биде далеку од француско-германската идеја“, смета словенечкиот аналитичар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе