Сѐ уште не се знае кој е „нултиот пациент“ во епидемијата на коронавирусот

Кинеските власти и експертите не го знаат потеклото на актуелната епидемија на коронавирусот, односно не знаат кој е „нултиот пациент“. Тоа е израз со кој се опишува првото заразено лице со вирус или бактериска болест во некоја епидемија.

Напредокот постигнат во генетската анализа денес овозможува да се утврди потеклото на вирусот преку лицата кои се со него веќе заразени. Во комбинација со епидемиолошки студии, научниците можат да ги издвојат поединците за кои се верува дека први ја рашириле заразата и така ја почнале епидемијата.

Идентификувањето на овие пациенти би можеле да придонесат во одговорите на клучните прашања – како, кога и зошто изби заразата, што може да спречи понатамошна зараза во текот на актуелната или некоја идна епидемија, пишува Би-би-си.

Кинеските власти најпрво известија дека првиот случај на коронавирусот бил евидентиран на 31 декември. Тогаш бројните случаи на инфекција слични на запаление на белите дробови беа поврзувани со морската храна или пазарот на живи животни во Вухан во покраината Хубеи.

Регионот е центарот на епидемијата, со речиси 82 отсто од над 75.000 досега регистрирани случаи во Кина и глобално, покажуваат статистичките податоци на американскиот Универзитет Џонс Хопкинс.

Но, резултато на истражувањето на кинески научници, објавени во магазинот Лансет, упатуваат на тоа дека првата дијагноза на Ковид-19 била поставена на 1 декември 2019, значи многу порано, и дека тоа лице „немало контакт“ со пазарот за морска храна во Хуанан.

Ву Венџуан, лекарка во болницата Џинјинтан во Вухан, една од авторите на студијата, за Би-би-си кажа дека станувало збор за постар маж кој боледувал од Алцхајмерова болест.

„Живеел во близина на пазар со морска храна. Бидејќи бил болен, практично не излегувал од дома“, кажа д-р Ву, додавајќи дека во деновите кои следеле симптоми се развиле кај уште три лица, а две од нив се поврзувале со пазарот.

Нејзините колеги утврдиле дека 27 луѓе од група од 41 пациент, колку што биле хоспитализирани во раната фаза на заразата, биле во некаков контакт со пазарот.

Теоријата според која епидемијата почнала на пазарот па, пред да почне да се шири меѓу луѓето, преминала од животните на човек, и понатаму се смета за најверојатна, смета Светската здравствена организација.

Епидемијата на ебола која од 2014 до 2016 ја зафати Западна Африка е најголемата откако во 1976 година беше откриен вирусот кој е одговорен за неа. според СЗО, епидемијата однела 11.000 луѓе, а со вирусот биле заразени над 28.000 луѓе.

Епидемијата траеше повеќе од две години и зафати 10 главно африкански земји, но беа пријавени случаи и во САД, Шпанија, Британија и Италија.

Научниците заклучија дека епидемијата од новиот вид на ебола почнала од едно лице – двегодишно момче од Гвинеја кое, се претпоставува, можело да се зарази завлекувајќи се во шупливо стебло на дрво во кое живеела колонија на лилјаци.

Инфирмациите биле поврзани отпосле, по експедицијата во селото на момчето Мелианду, каде собирале примероци и разговарале со населението за да дознаат повеќе за изворот на епидемијата на ебола пред да ги објават наодите.

Најпознатиот „нулти пациент“ веројатно е Мери Мелон, која го добила прекарот „тифусната Мери“, бидејќи во 1906 година ја почнала епидемијата на тифусна треска во Њујорк. По потекло од Ирска, Мелон емигрирала во Соединетите Држави, каде работела кај богаташи како готвачка.

По бројните случаи на тифус меѓу членовите на богатите њујоршки семејства лекарите утврдиле дека изворот на болеста е токму Мери.

Таа била здрав носител – лице кое ја носи бактеријата, но нема никакви симптоми на болеста, што значи дека често останува неоткриено и продолжува да ја пренесува заразата на многу други луѓе.

Сѐ повеќе докази има дека некои луѓе се „поефикасни“ од другите кога станува збор за ширењето на вирусот, а случајот на Мери Мелон е првиот забележан таков случај, кој уште се нарекува и суперносител.

Тогаш со тифузна грозница во Њујорк биле заразени неколку илјади жители, а стапката на смртност била десет отсто.

Но изразот „нулти пациент“ со себе носи одредена стигма. Бројни здравствени експерти се против тоа да се идентификува првиот документиран случај на заразата бидејќи стравуваат дека би можело да резултира со дезинформации за болеста па дури и виктимизација на одредено лице.

Изразот „нулти пациент“ настанал во времето на епидемијата на ХИВ.

Додека во раните осумдесетти се истражувале патиштата на ширење на таа болест во Лос Анџелес и Сан Франциско, научниците од Центарот за контрола и превенција на болести ја користеле буквата „О“, означувајќи кој стигнал од надвор (англ. Outside) од сојузната држава Калифорнија.

Другите научници буквата ја толкувале како бројот 0, и така настанал концептот на нултиот пациент.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе