Глобален експеримент

Сите чекаат да видат што следно ќе се случи со легализацијата на марихуаната

Голем број земји во 2016 година го легализираа користењето на марихуаната во медицински или рекреативни цели. Според Ворлд драг рипорт, марихуаната е „најмногу одгледувана, произведувана, дистрибуирана и конзумирана дрога низ светот“, пишува Си-ен-ен.

Во САД, сојузната држава Мејн го легализираше користењето на марихуаната во рекреативни цели и со тоа се придружи на друштвото од седум други сојузни држави и округот Колумбија, кои тоа веќе го направија. Медицинската марихуана сега е легална во повеќе од половината сојзуни држави во САД.

Тоа е само дел од глобалниот тренд. Канадските државници планираат во текот на 2017 година да ја легализираат и законски да ја регулираат марихуаната. Уругвај го легализираше канабисот. Оваа година Ирска, Австралија, Јамајка и Германија ќе спроведат мерки за медицинско користење. Австралија дозволи марихуаната да се произведува за медицински цели.

Над 20 земји низ светот учествуваат во законскиот експеримент. Но, законите варираат, како и степенот на контрола, па светот ги очекува резултатите за да види што најдобро функционира.

Португалија е пинер што се однесува до реформирањето на законот за дрогите. Во 2001 таа земја ги декриминизираше сите дроги за лична употреба. „Бевме општествена лабораторија“, смета Жоао Кастел Бранко Гујао, директорот на Генералниот директорат за интервенции при зависничко однесување и зависност во Лисабон. Се верува дека мора да постои разлика меѓу расправата за медицинско користење и онаа за рекреациска употреба. „Луѓето тоа го мешаат“, вели тој. Повеќето експерти сметаат дека марихуаната ги отстранува хроничната болка, грчењето на мускулите, анксиозноста и мачнините.

Позитивните ефекти им се припишуваат на двете главни состојки на канабисот: психоактивната компонента ТХЦ, или билниот екстракт, маслото ЦБД. Второто помага кај анксиозноста и епилептичните напади. „ЦБД може да ги сопре нападите, што треба да се истражи“, смета д-р Мајк Барнс од универзитетот Њукасл. Тој смета дека е погрешно марихуаната да се класифицира како нешто што нема медицинска вредност.

Сепак, тоа не е лек ако се купува од дилери на улица. Мора да се обезбеди производството, силата и означувањето да бидат јасно регулирани, како со секој лек.

Повеќе земји го декриминализираа поседувањето на марихуаната за лична употреба, вклучувајќи ги Холандија, Чешка, Костарика и Португалија. Истражувањето е уште во пелени, но Гујао смета дека промената е веќе видлива во намалувањето на стигматизацијата околу користењето на дрогата. Истакнува дека отворениот дијалог околу дрогата значи дека луѓето полесно бараат помош ако станат зависни.

Доказите покажуваат и дека укинувањето на казните за користење дроги не довело до зголемено користење, како што тоа го најавуваа противниците. Сепак, Гујао смета дека не треба да се брза со целосна легализација.

„Луѓето мора да ги препознаат ризиците и позитивните страни на канабисот“, смета Рајан Вандреј, професор по бихејвирална фармакологија на универзитетот Џон Хопкинс. Истакнува дека повеќето луѓе нема да почувствуваат нуспојави, но на некои марихуаната ќе им биде штетна, особено на оние кои во семејството имаат историја на психоза или шизофренија.

Информациите кои пристигнуваат може да бидат најдобар начин за регулација на дрогата. „Ќе бидат потребни 5 до 10 години за навистина да разбереме какво влијание ќе имаат тие законски промени“, вели Вандреј. Истакнува дека главниот збор ќе го имаат културите и дека некаде нема да биде лесно да се легализира марихуаната.

„Но, ќе биде многу интересно да се следи што ќе се случува“, смета тој.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе