Симулација предвидува кога и каде би почнала нуклеарна војна и како би завршила (ВИДЕО)

Симулација покажува дека нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО потенцијално би можела да заврши со ужасно сценарио кое би завршило со смрт на милиони луѓе низ светот во рок од неколку часа. Четириминутниот аудиовизуелен прилог наречен „План А“, кој го развиле истражувачи поврзани со Програмата за наука и глобална безбедност на универзитетот Принстон (СГС), повторно предизвика интерес по руската инвазија на Украина.

Скриншот Јутјуб

„Колку што може да се заклучи, ова е најсериозната криза со потенцијална нуклеарна димензија која ги вклучува Русија и САД/НАТО од крајот на Студената војна, иако ризикот од нуклеарна војна сè уште се смета за низок“, кажа Алекс Глејзер, еден од креаторите на Планот А.

„Криза како оваа често резултира со погрешна комуникација меѓу спротивставените страни, влошена од фактот дека постојат многу малку активни линии на комуникација меѓу Русија и САД/НАТО“, вели Глејзер, вонреден професор на Принстон.

Симулацијата План А изворно беше подготвена за изложба во галеријата Бернстајн во Принстон во 2017, а подоцна стана достапна на јавноста како Јутјуб видео. Целта ѝ е да ги истакне „потенцијално катастрофалните“ последици на нуклеарна војна меѓу Русија и САД.

По почетниот интерес за видеото, бројот на прегледи не се зголемил многу сè до крајот на февруари 2022 кога Русија изврши инвазија на Украина, а рускиот претседател Владимир Путин алудираше на можна употреба на нуклеарно оружје. Од тогаш симулацијата имала милион прегледи.

Планот А покажува како локализирана нуклеарна размена би можела брзо да ескалира во глобална катастрофа. Сценариото е засновано на достапни докази.

„Нашиот тим користеше независни проценки на моменталната позиција на американските и руските сили, плановите за нуклеарна војна и целите на нуклеарното оружје“, кажа Глејзер.

„Симулацијата е заснована и на податоци за распореденото нуклеарно оружје, силата на оружјето и можните цели на одделни боеви глави, како и распоредот на нападите. Нормално, немавме никаков пристап до доверливи податоци и често нагаѓавме за целите.

„Се проценува дека во првите неколку часа на судирот би имало повеќе од 90 милиони мртви и повредени. Вистинскиот број на настраданите значително би се зголемил со смртните случаи предизвикани од колапсот на здравствените системи, како и нуклеарните дождови и други долгорочни ефекти, вклучувајќи можна нуклеарна зима на глобално ниво“, вели Глејзер.

Симулацијата почнува во контекст на конвенционален судир – Русија испукува предупредувачки истрел од база во близина на Калининград во обид да го спречи напредувањето на САД/НАТО. НАТО потоа возвраќа со еден тактички нуклеарен воздушен напад.

Нуклеарната размена во Европа брзо ескалира. Русија испраќа 300 боеви глави со авиони и проектили со краток дострел и ги гаѓа базите и трупите на НАТО.

Бидејќи поголемиот дел од Европа е уништен, НАТО лансира околу 600 американски копнени и подморнички проектили на руските сили. Пред нејзините системи да бидат уништени, Русија лансира проектили од силоси, копнени возила и подморници.

Во завршната фаза на конфликтот Русија и НАТО ги гаѓаат 30-те најнаселени градови и економски центри на спротивната страна, користејќи 5 до 10 нуклеарни боеви глави за секоја цел, во зависност од големината на населението, во обид да се спречи потенцијалот за опоравување.

Според Глејзер, глобална термонуклеарна војна од ваков размер секако може да се смета за „најлошото можно сценарио“, иако насловот на видеото упатува дека е прикажаниот редослед на настаните е едноставно дел од стандардното сценарио.

„Кога еднаш ќе се посегне по нуклеарно оружје, може да биде многу тешко да се спречи ескалација во сеопфатна нуклеарна војна. Односно ескалација од еднократна употреба, преку тактичка нуклеарна војна во Европа, до противнапад и гаѓање на градови и економски центри со цел спречување на опоравување на другата страна“, вели Глејзер.

Последиците од нуклеарна војна за животот на Земјата би биле незамисливи, истакнува тој, укажувајќи на истражување кое покажало дека над пет милијарди луѓе би можеле на крајот да умрат од нуклеарен конфликт меѓу Русија и Соединетите Американски Држави.

„Не би сакал да нагаѓам колку време би требало за човештвото да се опорави“, вели Глејзер.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе