Си-ен-ен: Зошто Русија има помалку заразени од Луксембург?

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја успеа да го сопре масовното ширење на коронавирусот благодарение на раните и агресивни мерки.

Си-ен-ен прашува: Дали Русија го држи вирусот под контрола?

Според информациите објавени од руските функционери, по сѐ изгледа стратегијата на Путин функционира.

Бројот на потврдените случаи на коронавирусот во Русија е изненадувачки мал, и покрај тоа што Русија има долга граница со Кина и дека првиот случај на заболување го забележа уште во јануари.

Бројот на заразените се зголемува, но Русија, земја со речиси 150 милиони луѓе, има помалку потврдени случаи на коронавирусот од Луксембург – заразени се само 367 луѓе.

За разлика од тоа, во Луксембург кој има 628.000 жители, има 798 случаи на коронавирусот и осум смртни случаи.

Руските мерки на рано реагирање како затворање на границата во должина од 2.600 километри со Кина уште на 30 јануари и воспоставување на карантин-зона, најверојатно придонесоа на одложувањето на избивањето на епидемијата во полн ек, наведуваат одделни експерти.

„Генералниот директор на Светската здравствена организација кажа „тестирајте, тестирајте, тестирајте““, изјави минатата недела за Си-ен-ен Мелита Вујновиќ, претставничката на СЗО во Русија.

„Па, Русија тоа го почна буквално на крајот на јануари“, кажа Вујновиќ и додаде дека Русија покрај тестирањето, презеде и широка низа мерки.

Роспотребнадзор соопшти во саботата дека вкупно направил повеќе до 156.000 тестови за коронавирусот.

За споредба, според податоците na ЦДЦ, американскиот Центар за контрола и превенција на болестите, САД дури на почетокот на март почнаа со тестирање, додека Русија соопшти дека масовно тестирала луѓе од почетокот на февруари, вклучувајќи ги луѓето на аеродромите, фокусирајќи се на патниците од Иран, Кина и Јужна Кореја.

Тоа не значи дека немало дупки во руската одбрана.

Русија не го почна веднаш тестирањето на оние кои доаѓаа од Италија или другите тешко погодени земји од ЕУ, ограничувајќи ја контролата на луѓето кои доаѓаа од Европа со мерење на температурата и воведување двонеделен карантин.

Според здравствените функционери, повеќето случаи на коронавирусот пријавени во Русија пристигнале од Италија.

Сепак, Русија се бори со голем јавен скептицизам, наследство од советското минато, околу бројките на заразени од вирусот.

На социјалните мрежи, Русите поставуваат прашања во контекст на лошата транспарентност во нивната земја, алудирајќи на прикривањето на нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година и реакцијата на земјата на епидемијата на ХИВ во 1980-тите.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе