Си-ен-ен: Земјите на кои дневната политика им е поважна од здравјето на луѓето

Минатата недела СЗО предупреди дека Јужна Америка стана новиот епицентар на заразата со коронавирусот.

EPA-EFE/Fernando Bizerra

Освен сиромаштијата, проблем во борбата со ковид-19 претставува тоа што во некои земји од тој регион приматот се идеологијата и дневната, а не здравствената политика, се наведува во анализа на Си-ен-ен.

Највпечталив пример е Бразил, кој сега е на второто место во светот според бројот на заразените, по САД.

Претседателот Жаир Болсонаро, десничар и поранешен воен офицер, спротивставувајќи се на препораките на здравствените власти на својата земја, учествуваше на неколку митинзи за поддршка на владата и дури се ракуваше со поддржувачите и ги држеше нивните деца во раце, не водејќи сметка за опасноста од зараза.

Инсистирајќи на тоа дека економијата е на првото место, Болсонаро често ги критикува гувернерите на бразилските држави кои се трудеа да воведат мерки на изолација и физичка дистанца за да го спречат ширењето на вирусот, поради што сега опозицијата бара отповикување на претседателот.

Претседателот на Мексико Андрес Лопез Обрадор најави дека ќе продолжи да ја обиколува земјата за придвижување на важните проекти од јавен интерес, а лидерот на Никарагва Даниел Ортега пандемијата на коронавирусот ја претвори во политичко прашање, тврдејќи дека неговите противници се оние кои не сакаат населението да излегува од своите домови и дека резултат на тоа ќе биде економска криза која ќе ја поткопа економијата и неговата влада.

Спротивен пример е перуанскиот претседател Мартин Вискара кој ја продолжи вонредната состојба до крајот на јуни и формираше национален тим за борба против ковид-19, а лидерот на Салвадор Најиб Букеле оние кои го кршат полицискиот час ги испраќа во карантински центри, што врховниот суд на неговата земја го прогласи за неуставно.

Сепак, изгледа дека пандемијата на тлото на Јужна Америка е несопирлива, без оглед на тоа какви потези се преземаат.

И покрај реакцијата на надлежните и строгите рестриктивни мерки, бројот на заразените во Перу драматично расте бидејќи, поради сиромаштијата, многу жители, од кои повеќе работат „на црно“, се принудени да излегуваат од домовите во потрага по работа и храна, но и за вршење на банкарски трансакции, што само му ја отежнува работата на децентрализираниот здравствен систем на земјата.

Сепак, примерот на Костарика покажува дека и најсиромашните земји во светот можат да бидат успешни во борбата против пандемијата доколку имаат силен и организиран здравствен систем – и покрај тоа што е меѓу земјите со најголема социјална нееднаквост, Костарика е една од јужноамериканските земји со најниска смртност од ковид-19.

Освен силата на здравствениот систем, причината за таквиот успех лежи во фактот што здравственото осигурување им е достапно на речиси сите граѓани, кои покрај тоа имаат и доверба во националното здравство, наведува Си-ен-ен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Fernando Bizerra

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе