„Хаотично водење на политиката за национална безбедност“

Си-ен-ен: Трамповата одлука да го откаже нападот врз Иран отвора многу прашања

Откажувајќи го планираниот одмазднички напад на САД врз Иран, Доналд Трамп привремено ја сопре понатамошната ескалација во односите на двете земји, но отвори многу прашања, меѓу кои и прашањето за неговото вршење на функцијата врховен командант на војската, пишува Си-ен-ен.

„Бевме спремни веднаш да возвратиме минатата ноќ на три локации кога прашав колку луѓе ќе загинат. Генерал ми одговори 150 луѓе. Го откажав нападот 10 минути пред почетокот, бидејќи тоа не е пропорционално на соборување летало без екипаж. Не брзам никаде“, напиша Трамп на Твитер во петокот наутро.

Иран во четвртокот собори американски разузнавачки дрон за кој тврди дека го нарушил неговиот воздушен простор, додека САД тврдат дека леталото било соборено над меѓународни води, а не над Иран.

Одлуката на Трамп во последен момент да се откаже од нападот го поставува прашање зошто тој не се распрашал за можните човечки жртви на планираниот напад пред да ја донесе одлуката за неговото спроведување, наведува Си-ен-ен.

Откажувајќи ги нападите Трамп, како што се наведува, бил доследен на себеси и на својата желба да избегне вовлекување на САД во нов конфликт на Блискиот Исток, што е централниот принцип на неговите политички уверувања и намерата да биде реизбран на претседателските избори во ноември 2020.

Меѓутоа, се чини дека неговата одлука истовремено го открива хаотичното водење на политиката на националната безбедност, во момент кога Пентагон од јануари нема постојан министер за одбрана, се оценува во текстот.

Исто така, според Си-ен-ен, откажувањето од планираниот напад нема да остане незабележано кај американските непријатели кои би можеле да го толкуваат како поттик против Трамп да тргнат поостро од претходно.

Трамп, оценува американската агенција, му ја даде на послужавник победата на американскиот непријател Иран, покажувајќи дека Техеран неказнето може да собори софистициран инструмент на американската војска вреден над 130 милиони долари.

Другиот, помалку критичен начин на гледање на одлуката на Трамп е дека тоа бил мудар потег во последен момент да се прекине низата настани кои многу брзо би можеле да ги вовлечат САД во уште една бескрајна војна, оценува Си-ен-ен.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе