Си-ен-ен: Руска војска се трупа на границата со Украина. Блеф или не, Путин си игра со оган

За армија што треба да ги маскира своите потези, сигурно најлошиот начин да се прикрие потенцијалната непосредна инвазија на една земја е отворено подготвување за неа.

Ова е парадоксот околу видливото трупање руска војска на западот на Русија, недалеку од украинската граница. Дали Москва се обидува да го реши воениот ќор-сокак околу сепаратистичкиот регион Донбас - кој го отсече од Украина во 2014 година - дали би сакала толку отворено да ги покажува своите потези?

Сигналите на Русија се очигледни. Неумоливите видеа на социјалните мрежи покажуваат оклопни конвои што се движат кон генералната погранична област, вели Си-ен-ен.

Белата куќа оваа недела соопшти дека Русија сега има повеќе војници во близина на украинската граница отколку кога било од 2014 година - кога беше анектиран полуостровот Крим. Подолу на југ, воените разузнавачи проценија дека околу 4.000 тешко вооружени руски војници биле видени како се движат на Крим, изјавил за Си-ен-ен американски одбранбен службеник.

Москва и гласно зборува за играта. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу најави предвремени инспекции за подготвеноста на армијата. Претставникот на Кремљ за конфликти, заменик-шефот на претседателската администрација Дмитриј Козак, рече дека Москва, како што отсекогаш се знаеше, би тргнала во одбрана на источното население на Украина, доколку има потреба за тоа. Тој рече и дека почетокот на конфликтот ќе биде „почеток на крајот на Украина“. Прогласите на Русија се прилично бучни.

Од страна на Украина, претседателот Володимир Зеленски премести неколку единици поблизу до Донбас и во вторникот со голема помпа отиде во посета на областа. Исто како и кај рускиот лидер Владимир Путин, домашниот рејтинг на Зеленски не е толку висок. Тој зборуваше со јазикот на мирот. Се обиде да биде близу до трупите, свесен дека американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе застане покрај него.

Белата куќа соопшти дека е „сѐ позагрижена од неодамнешните ескалирани руски агресии во источна Украина“, а американските власти исто така навестија дека може да испратат воени бродови во Црно Море, што е сигнал за поголемо учество, иако американските авиони редовно ја следат таа област. Германската канцеларка Ангела Меркел го замоли Путин да ги повлече силите назад во разговорот во четвртокот. Сите стануваат многу возбудени, многу брзо.

Шпекулациите за тоа што следува во најголемата копнена војна во Европа во последните две децении се исто толку многубројни колку што се надеваше Кремљ. Во меѓувреме, единствената цена досега е сметката за гориво за возењето на тенковите.

Клучното, сè уште неодговорено прашање е која би била целта на Русија во воената интервенција. Некои аналитичари претпоставуваат дека таа може да ги преплави сепаратистичките области и соседните конфликтни зони со огромни руски „мировни“ сили, дизајнирани да ја наметнат својата волја и власт во областа - ефективно анектирајќи го Донбас.

Сепак, ова скоро би гарантирало одговор од Западот, во почетокот најверојатно во форма на санкции. Исто така, Москва би ја постигнала истата контрола што ја има сега на овие простори, иако и многу скапата руска кожа и хардвер се во игра. Сето тоа е напор без никаков плод, и веројатно не е толку поволно за Крељ.

Втората опција што ја зборуваат аналитичарите вклучува создавање копнен коридор помеѓу сепаратистичкиот Донбас на исток и Крим, анектираниот полуостров на југот на Украина. Со години водата е оскуден ресурс на Крим, криза за која еден висок украински официјален претставник пред две години предупреди дека може да достигне критична фаза во летото 2019 година. Таа сè уште трае, заедно со поширокиот предизвик за Москва за одржување пристоен животен стандард на Крим преку снабдување со море, и преку мал, нов мост што го направи преку теснецот Керч. Тоа долгорочно не е одржлива состојба за последната аквизиција на Русија.

Но копнениот коридор – појас што минува низ украинскиот град Мариупол и до областа Армијанск над Крим - исто така би бил исклучително ранлив за какви било окупаторски руски сили. Тие би биле фатени помеѓу Азовско Море и мошне гневната украинска армија, подобро опремена од порано. За ефикасно одржување на тој коридор, тие ќе мора да навлезат подлабоко во Украина, а потоа да се соочат со уште поголем отпор од украинската армија и локалното население. Одамна ја нема надежта од 2014 година дека руските војници ќе бидат сметани за „ослободители“ од корумпираната влада во Киев. Непријателството е многу поверојатно.

Значи, задачата пред руската армија е или да стори нешто толку малку што неизбежните западни санкции да изгледаат наметнати за минимална корист. Или да направи нешто толку многу (премногу) што ќе мора со години да окупира големи делови на Украина. Во двата случаи хаос.

Од аспект на Москва, можеби многу подобра опција е да ја натрупа својата војска, гласно да труби за желбата на Украина за војна, да навести дипломатија и да ја искористи својата тупаница преку границата за да изнуди подобро решение преку преговори. Ова секако значи дека главатарот на Кремљ секогаш ги носи најдобрите одлуки. Но Путин е способен и за претерување или будалаштини.

Третата инвазија во Украина во 2021 година исто така е многу поопасна коцка за Путин од онаа во 2014-15 година. Американскиот претседател Бајден јасно стави до знаење дека ќе му даде „непоколеблива поддршка“ на Киев. Вашингтон е цврсто убеден дека Русија е закана. И украинскиот лидер Зеленски, иако политички и воено неискусен, ќе има домашна корист од тоа што ќе биде вовлечен во конфликт што тој не го почнал.

Сепак, остануваат два трајни, неизмерни ризици. Првиот е дека Путин може да види, меѓу целиот хаос во следните неколку недели, момент на можност за напад и едноставно да одлучи подоцна да се справува со последиците. Второто е неизбежната опасност од собирање гневни сили на обете страни на веќе активната фронт-линија. Една непредвидена грешка или напад од која било страна може да се претвори во поголема војна.

Ако Москва се надева дека нејзиното трупање војска значи дека нејзините телефони ќе почнат почесто да ѕвонат, а дипломатијата ќе ја преземе палката, тогаш подобро е тоа брзо да се случи.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе