Шведски институт: САД се најголемиот извозник на оружје во светот, Русите имаа голем пад

Соединетите Американски држави ја потврдија позицијата на најголем извозник на оружје во светот, со повеќе од третина удел во глобалната продажба во изминатите пет години, објави денес шведскиот истражувачки институт СИПРИ.

EPA-EFE

Американскиот извоз пораснал од 2016 до 2020 година за 15 отсто, а САД продале 37 отсто од глобалната продажба на оружје, утврдил Институтот.

Американските произведувачи продале оружје на 96 земји, а половина се испорачани на Блискиот Исток.

Глобалниот обем на продажбата останал непроменет во однос на периодот од 2011 до 2015 година, за прв пат од почетокот на милениумот, истакнува СИПРИ, додавајќи сепак дека се задржал на највисоко ниво од Студената војна.

„Прерано е сигурно да се проценува дали е завршен периодот на нагло растење на трансферот на оружје, кој траеше две децении“, истакна истражувачот во одделот за програми за вооружување и воени трошоци во СИПРИ Пјетер Веземан.

Во пандемиската 2020 година вредноста на трансферот на оружјето паднала за 16 отсто, но во СИПРИ се претпазливи околу одговорот дали причина за тоа е заразата или помрднување од вообичаените трендови.

И индустријата на оружје бележела нарушувања во синџирите на снабдување, но поголемиот дел оружје е нарачано пред 2020 и „неколку земји за време на пандемијата склучиле многу важни договори“, кажа Веземан.

Тој ги наведе примерите на Полска, Јапонија и Германија, кои нарачаа голем број борбени авиони.

Саудиска Арабија и понатаму е најголемиот светски увозник на оружје, со 11 отсто учество во вкупниот увоз.

Големи извозници биле и Британија и Франција, но британскиот удел во извозот опаднал со завршувањето на големите испораки на борбени авиони за Саудиска Арабија.

Голем пад на рускиот извоз

Русија го зазема второто место на скалата на извозници од 2016 до 2020 година, со петтина учество во глобалните испораки на оружје. Продале оружје во 45 земји, а повеќе од половина од извозот заминал во Индија, Кина и Алжир.

Рускиот извоз сепак потонал за петтина во однос на претходниот петгодишен период, „пред сè поради значајниот пад на продажбата во Кина“, кажа Веземан.

Индија, вториот увозник во светот, се обидува да ги диверзифицира своите набавувачи на оружје и да изгради домашни производни капацитети.

Франција е на третото место на скалата на извозници, со осум отсто учество во испораките, а работела со Индија, Египет и Катар.

Германија и Кина се останатите меѓу петте главни извозници, истакна СИПРИ, додавајќи дека петте водечки сочинуваат четвртина од глобалниот извоз на оружје.

Кина снабдила со оружје 51 земја, но неколку големи пазари се затворени од политички причини, вклучувајќи ги Индија, Јапонија и Австралија.

Кинескиот извоз се намалил за речиси осум отсто во однос на претходниот петгодишен период и не се пробил значително на пазарите на Блискиот Исток.

Азија и Океанија биле главниот регион на увоз на оружје, со учество во глобалниот увоз од 42 отсто.

Следи Блискиот Исток со третина, при што Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати заземаа места на скалата на 10-те најголеми увозници.

Институтот користи петгодишен циклус за да ги ублажи флуктуациите кои ги предизвикуваат големите нарачки.

Базата на податоци за пренос на оружје не го вклучува малокалибарското оружје и се темели на јавни извори, од национални до регионални медиуми до специјализирани меѓународни магазини, како и владини и извештаи на индустријата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе