Швајцарците утре на референдум гласаат за ковид пропусниците

Властите се обидоа со бесплатното национално јадење раклет, слатки печива и концерти, прогласија „национална недела на вакцинирање“ но не успеаја повеќе од 65 отсто од населението да се вакцинира. Швајцарскиот политиколог Марк Билман од Универзитетот Берн не сака да зборува за неуспехот на кампањата која чинела цели 96 милиони франци.

EPA-EFE

Исто како и во државите на Европската Унија, темата на коронавирусот никогаш не исчезна од државната политика, но овие денови повторно доминира во политичките дебати. Од средината на октомври во таа земја исто така расте бројот на заразените.

Второ гласање во два месеци

И тоа баш на почетокот на уште еден бран на коронавирусот, политиката би можела да го изгуби централниот инструмент за сузбивање на пандемијата – ковид-сертификатот.

Швајцарците на 28 ноември по втор пат за помалку два месеци ќе гласаат за законот за ковид-19. Законот не ја регулира само финансиската помош за културните установи и рестораните, туку и употребата на ковид-сертификатот, кој функционира по истиот образец како и во ЕУ, а и е компатибилен со апликациите на ЕУ. Без законот за корона, таканареченото правило 3Г (вакцинирани, прележани и тестирани) повеќе нема да може да се применува во гастрономијата и при одржувањето културни настани.

Актуелните анкети покажуваат дека граѓаните ни на овој референдум нема да гласаат против законот, но противниците се прилично успешни во кампањата против мерките за сузбивање на пандемијата. Здружените Пријатели на уставот, основано за време на пандемијата, за референдумот собра речиси 190.000 потписи.

Народната партија е против

„Референдумот е повод да се покаже недоверба кон политичката елита. Таа недоверба треба да се организира. А за тоа постои партија, која тоа добро го прави уште од 1990. Станува збор за СВП“, вели Билман.

Иако национално-конзервативната Швајцарска народна партија (СВП) во владата ја претставува министерот за финансии Ули Маурер, таа го отфрла сертификатот.

А за Швајцарците да можат и понатаму без апликација да патуваат во странство, една политичарка на СВП неделава на телевизија предложи со партнерите во ЕУ да се склучат билатерални договори. Тоа би бил процес кој би можел да потрае со месеци. А додека не се склучат договори слободата на движење на Швајцарците би можела прилично да им се отежни.

„Урбаното население е посензибилно и повеќе им верува на владините мерки, отколку населението во руралните кантони, значи главно во кантоните од германското говорно подрачје. Во нив е традиционално поголема недовербата во државата“, вели Билман.

Историска недоверба кон вакцините

Иако кампањите со времето се смениле и денес главно се водат на интернет, структурите на населението опстанале. Уште на референдумот за законот за епидемии во 2013 противењето дошло од руралните делови на земјата. Билман исто така го спомнува гласањето за вакцинација против туберкулозата во 19 век, на кое пред сè критично настроени биле малите кантони во внатрешноста на Швајцарија.

Професорот од Берн во оваа дебата гледа потврда на силата на директната демократија.

„Јас не сакам да зборувам за поделба на општеството, иако медиумите обожаваат таква слика. Спремноста за дијалог во Швајцарија и понатаму е на високо ниво. Во директната демократија се научи дека може да се има поинакво мислење, но да постои и размена“, вели тој.

Нема план Б

Кога на народот ќе му се вети референдум, ситуацијата во Швајцарија често знае брзо да се смири. Марк Билман укажува на воведувањето на задолжителното користење на безбедносните појаси во 70-тите. Едно здружение тогаш се жалело на ограничување на слободите, одржан е референдум и воведена е обврската за врзување појаси во автомобилите, а за здружението повеќе ништо не се слушнало.

Ако владата изгуби, би можела законот да го остави на сила до пролет – постојат преодни периоди – но политичката динамика тогаш би можела да се искомплицира. Останува отворено кое решение ќе се најде во парламентот. Но, не би било првпат Берн да најде креативно решение за моќниот збор на народот. До тогаш важи мантрата на владата дека нема план Б.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе