Анализа на Гардијан

Што значи најавата на Туск за брегзитот

Ултиматумот на Доналд Туск драматично ги разјасни настаните, оцени Гардијан во кратката анализа по најавата на претседателот на Европскиот совет дека ЕУ ќе дозволи одложување на брегзитот само ако британскиот парламент го изгласа договорот на Тереза Меј.

Пратениците сега треба да изберат меѓу две опции: да го прифатат договорот на Тереза Меј следната недела или да заминат од ЕУ без договор.

Туск не го отфрли експлицитно долгото одложување на членот 50. Но според коментарите што Тереза Меј ги даде денеска, тоа нема да се случи сè додека таа е премиер, а тоа значи дека нема шанси долниот дом да добие време да ги искористи „индикативните гласови“ за да најде алтернативно решение за брегзитот.

За тврдокорните ториевски брегзитери овој ултиматум е добредојден, бидејќи тие веруваат дека брегзитот без договор е подобра опција од договорот на Тереза Меј, а изгледите брегзитот сега да се одложи додека Меј да замине од функцијата сега изгледаат многу тенки.

Тоа што сега крајот на следната недела изгледа како многу цврст краен рок создава дилема кај лабуристите. Тие силно се противат на договорот на Меј, но, за разлика од некои ториевски брегзитери во Европската истражувачка група (ЕРГ), тие се вознемирени од тоа што брегзитот без договор би можел да значи за нивните гласачи. Со оглед на тоа што најмалку 20 ториевци од ЕРГ сигурно ќе продолжат да гласаат против договорот на Меј (а можеби и многу поголем број), Меј ќе го „протурка“ договорот само со помош на лабуристите.

И во ДУП ќе бидат збунети. Ништо од тоа што денеска го кажаа Меј или Туск не сугерираше дека тие ќе добијат нешто ново во форма на отстапки за „бекстопот“. Како и на ЕРГ, и ним им се допаѓа идејата за брегзит без договор. Но економијата во Северна Ирска многу би страдала во случај на брегзит без договор, а ДУП може да биде понервозен од ЕРГ во преземањето одговорност за сценариото што би можело да им го уништи бизнисот на дел од нивните гласачи.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе