Што се случува со Земјата додека половина свет е во карантин

Како патеписна новинарка која навистина е загрижена за иднината на нашата планета, моралната дилема околу воздушните патувања е нешто со што постојано се соочувам. Го намалив бројот на патувањата, плаќам комепнзација за карбонскиот отпечаток кога патувам и се фокусирам на приказни кои ми овозможуваат да се бавам со прашањата за заштита на средината кога и да е возможно. Но, позитивните ефекти на овие мерки е тешко да се одредат, пишува Клои Берж за Би-би-си.

Она што Берж сака да го истакне е дека планетата профитира од тоа што светот останува дома. Во коронавирусот нема ништо добро, но благодарение на забраната на непотребите патувања и затворањето на дел од земјите, сведочиме на она што се случува со Земјата кога сме за првпат поприлично отсутни.

Сателитските снимки кои ги објавија НАСА и Европската вселенска агенција покажуваат намалување на емисиите на азот диоксид (кој главно се создава со согорувањето фосилни горива) од јануари до февруари во Кина поради успорувањето на економијата за време на карантинот. Откритието на Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух (ЦРЕА) укажуваат дека емисијата на јаглерод дикосид во Кина (кој исто така се создава со согорување фосилни горива) е намалена за 25 отсто поради мерките за сузбивање на коронавирусот.

Планетата профитира

За време на карантинот во Италија слични сателитски податоци покажуваат пад на емисијата на азот диоксид во северните региони, а каналите на Венеција изгледаат почисти поради драстичното намалување на сообраќајот на туристичките бродови. Сепак, треба да се истакне дека фотографиите со делфините не се снимени во Венеција, туку 800 колиметри подоле, на Сардинија, пишува Берж.

Во Индија полицискиот час на национално ниво од 22 март резултираше со најниско просечно загадување со азотен диоксид некогаш измерен на пролет, покажуваат податоците на ЦРЕА. Бидејќи Северна Америка (еден од најголемите светски загадувачи) исто така имаат економски пад, последиците ќе бидат слични. Нормално, глобалната здравствена криза не е решение за намалување на гасовите со ефект на стаклена градина, но овој феномен би требало да ни даде повод да размислиме за влијанието на човековата активност врз планетата, вклучувајќи го и начинот на кој патуваме.

Ограничувањето на сите непотребни патувања, продолжува Берж, значи дека воздухополвните компании мора да ги приземјат авионите драматично намалувајќи го бројот на летови или прекинувајќи го работењето. Иако податоците за конкретните последици на намалениот воздушен сообраќај допрва ќе се објават, се претпоставува дека ќе имаат значително влијание.

Истражување од 2018 година објавено во списанието Нејч клајмат чејнџ покажува дека емисиите поради туризмот сочинуваат 8 отсто од вкупната глобална вредност, а поголем дел од тоа отпаѓа на летовите. „Најмногу можеме да придонесеме ако престанеме да летаме или летаме помалку. Еден повратен лет од Њујорк до Лондон е еднаков на двегодишно конзумирање месо во смисла на испуштениот карбонски отпечаток“, изјави Кимберли Николас од универзитетот на Британска Колумбија.

Треба ли да патуваме кога тоа повторно ќе биде возможно?

Поради овие изненадувачки статистики, во комбинација со видливите знаци на олеснување за животната средина додека луѓето седат дома поради ковид-19, се поставува прашањето дали треба да патуваме кога тоа повторно ќе биде возможно?

„Невозможно е да се има сигурна клима и да се продолжи со досегашната пракса во воздухопловната индустрија“, истакна Николас.

Берж смета дека мораме значително да го смениме начинот на патување ако сакаме да ги исполниме целите на Парискиот договор до 2030 година за ограничување на глобалното загревање на 1,5 Целзиусови степени во однос на прединдустриската доба. Дел од решението мора да се случи во воздухопловната и транспортната индустрија. Некои превозници веќе исчекорија напред преку истражувања со иновации како биогориво и авиони на електричен погон.

„Многу може да се постигне со прилагодување на авионите да бидат поефикасни. Ако користиме отпадно масло, биогоривата обично произведуваат 60 отсто помалку штетни гасови во споредба со конвенционалното гориво“, вели Колин Марфи, заменик директор на Институтот за енергија, животна средина и економија на универзитетот Калифорнија во Давис.

Дури и ако успееме со овие технолошки иновации, и понатаму мораме да го смениме својот поединечен пристап кон патувањата. Додека планетата во моментов зема здив, ни се нуди прилика за интроспектива. Пандемијата на коронавирусот нѐ натера да сфатиме колку се меѓусебно поврзани луѓето, системите и организациите во нашиот свет. иако ова откритие е поразувачко во смисла на брзината со која вирусот глобално се рашири, ни покажа и дека можеме да се обединиме и како поединци да дејствуваме на заедничкото добро. Го прифативме социјалното дистанцирање за да ги заштитиме постарите и тие со компромитиран имунитет, го поздравуваме медицинскиот персонал од балконите и споредлуваме пораки за останување дома на социјалните мрежи.

Кога ковид-19 ќе биде зад нас, смета Берж, мораме уште еднаш да погледнеме околу себе и да преземеме индивидуални акции за доброто на планетата. Токму како што вирусот нѐ натера да ги успориме своите животи, треба да размислиме за поспоро и попаметно пристапување кон патувањата. Постои автентична врска која се појавува кога на некое место имаме доволно време за смислено разбирање на луѓети, културата и природната убавина.

Тоа не може да се постигне со површни патувања од пристаниште до пристаниште. Би можеле да живееме и без уништувањето на околината кое зад себе го оставаат крузерите или итањето низ повеќе земји за две недели. Тоа може да значи заминување на едно подолго патување годишно наместо на пет или шест кратки, што драматично би го намалило нашиот карбонски отпечаток.

Претеран туризам

„Претераниот туризам е само уште една форма на претераната потрошувачка. Немам ништо против туристичките бројки да се намалуваат ако квалитетот на туризмот расте, ако луѓето подобро ја разбираат дестинацијата и позитивно влијаат врз дестинацијата, наспроти преполнетоста, загадувањето и губењето на живеалиштата во дивината, што е последица на претерувањето со туризмот“, вели за Би-би-си Шенон Стоувел, директор на Адвенчр травел трејд асосиејшн и заговорник на одржливите патувања.

Исто така, можеме да го намалиме стресот врз животната средина со тоа што ќе се препуштаме на локални авантури, истакнува Берж.

„Тоа е всушност максимумот што можеме да го направиме. И јас некогаш често летав, но најдов други начини да откријам некои нови авантури. Главно тоа се спори и самостојни патувања“, вели Николас.

За да го поддржат екотуризмот, патниците би требало да поддржат туристичка генција со транспарентен план за одржливост.

„Ако го посетите сајтот на компанијата, најдете план за одржлив туризам и погледнете го извештајот за влијанието во следните 12 до 48 месеци, тогаш можете да биде сигурни дека добро сте одбрале“, вели Шенон Гајан од Тредрајт, непрофитна одржлива туристичка организација која на патниците им помага околу еколошки прифатливите навики.

„Мораме да продолжиме да патуваме. Туризмот е еден од најголемите генератори на вработувања во светот и постојат многу дестинации чиј опстанок зависи од патувањата и туризмот“, вели Гајан.

Надворе од глобалната туристичка економија, патувањата можат да бидат корисни за сите нас, истакнува Берж. Кога патуваме на смислен начин, стекнуваме меѓукултурно сфаќање и развиваме поголема емпатија за луѓето надвор од својот непосреден круг. Патувањата ни даваат глобална перспектива која ни е потребна за да се грижиме за иднината на нашиот дом тука на Земјата.

Нашата можност за талкање привремено ни е одземена и никогаш повеќе не изгледала како луксуз. „Оваа криза би можела да ни пружи прилика да воспоставиме нов начин за размислување за патувањата“, цели Стоувел.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе