Традиционално добрите односи на најголем тест

Што покажува составот на новата влада на Србија: Вучиќевото чистење на „руските кадри“

Традиционално добрите односи со Руската Федерација со кои се фалеше речиси секоја власт во Србија, овојпат ќе биде на најголемиот тест досега, пишува српска Нова.

EPA-EFE

Тоа, како што наведува порталот, може да се заклучи врз основа на составот на новата влада и чистењето на „руските кадри“ низ кои помина.

Откажувањето на претходно најавената посета на претседателот на Русија Владимир Путин и потпишувањето на Вашингтонскиот договор очигледно придонесоа на затегнување на односите меѓу двете држави, поради што Москва е сѐ подалечна од Немањина 11 во Белград.

Одлуката на претседателот на Србија Александар Вучиќ на своите коалициски партнери од Социјалистичката партија на Србија (СПС) да им го намали бројот на министерските места во српската влада од четири на два – министерството за образование (плус потпретседателска функција) и министерство без ресор, претставува најнов удар врз „руските играчи“ во владата на Србија, пишува Нова.

А дека одалечувањето од Москва стана новата реалност, покажува и неизвесната судбина на досегашниот министер без ресор задолжен за иновации Ненад Поповиќ, кој во коалицијата собрана околу Српската напредна партија (СНС) на чие чело е Вучиќ, важеше за еден од најблиските луѓе на Кремљ.

Досегашната министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ во новата српска влада ќе го преземе министерството за енергетика, кое го водеше во периодот од 2012 до 2014 година.

Токму нејзиното заминување од тоа место пред шест години беше перцепирано како намера на руската страна од овој, за нив многу важен ресор во руската администрација, да ја тргнат политичарката која важи за „американски човек“.

Досега со ова министерство раководеше Александар Антиќ од СПС, па враќањето на Михајловиќ на челото на овој ресор се толкува како уште еден потег во насока на одалечување на Белград од Москва.

Во договорот кој во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп го потпишаа првиот човек на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти, се наведува дека Приштина и Белград ќе ги диверсификуваат своите резерви на енергија, што претставува директно отстранување од Русија.

Имајќи предвид дека Москва и Вашингтон со години водат битка за влијанието врз Балканот, одлуката на претседателот на Русија Владимир Путин по потпишувањето на договорот во Вашингтон да не дојде во најавената посета на Белград може да се толкува како сигнал до власта во Србија дека има проблеми и дека односите не се повеќе „идилични“ како претходно.

Надворешнополитичкиот аналитичар Бошко Јакшиќ истакнува дека договорот од Вашингтон, со кој Србија за првпат официјално направи застранување од официјална Москва, дефинитивно влијаел врз составот на новата влада.

„Иако власта во Србија сака најавената посета на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да ја претстави како доказ за добрите односи, тоа не е така. Тој доаѓа од спротивна причина и со намера да ги поправи нарушените односи. Неговата намера е во разговор со властите во Србија да добие информација до која мера руското влијание ќе функционира во следниот период“, истакнува Јакшиќ за Нова.

Според него, власта во Србија не може да си го дозволи луксузот на дополнително заострување на односите со Русите, и дека во следниот период ќе се труди да ја поправи направената штета.

„Србија ќе продолжи да повторува дека никогаш нема да ѝ воведе санкции на Русија и дека постојат економски интереси за соработка. Факт е дека влијанието на официјална Москва врз Србија е ограничено и дека присуството на Америка е посилно. Вучиќ ќе мора да му објасни на Лавров зошто им се направени отстапки на Соединетите Држави“, наведува аналитичарот.

Според мислењето на политикологот Бобан Стојановиќ, изборот на кадрите во владата на Србија, каде евидентно има помалку политичари кои се блиски до Москва, е испраќање одредена порака, но треба да се причека конечната одлука дали Ненад Поповиќ, како „руски човек“, ќе биде дел од новата српска влада.

„Треба да причекаме да видиме како нештата во иднина ќе се развиваат. Веројатно тоа е одредена политичка порака, но мене повеќе ми се чини дека СНС презема одредени сектори кои им се финансиски интересни на сите“, заклучува Стојановиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе