Што може, а што смее Ердоган во Сирија

Иако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави воена операција против Курдите на северот на Сирија, тешко е да се каже дали до неа воопшто ќе дојде, бидејќи тој кажа и дека е спремен на преговори, односно на дипломатско решение, но и поради присуството на интересите на покрупните играчи во Сирија.

Турските медиуми со денови веќе јавуваат дека Турција носи засилувања и дополнително вооружување на границаа со соседна Сирија, а турскиот претседател во неделата најави дека турската војска ќе спроведе воена операција источно од реката Еуфрат.

Таа зона ја контролираат курдските Народни одбранбени единици, главниот сојузник на САД на територијата на Сирија, а кои Анкара ги смета за терористи. Турција би можела да ја почне воената операција источно од Еуфрат по утрешниот муслимански празник Курбан бајрам, соопштија турски воени извори.

Меѓутоа, долгогодишниот дописник на Танјуг од Тирција Војислав Лалиќ, на прашањето што Анкара смее, а што може кога станува збор за операциите во Сирија, за Спутник вели дека не исклучува дека ќе победи диоломатското решение, односно договорената безбедносна тампон зона со САД, но истакнува дека Ердоган во никој случај нема да дозволи Курдите во иднина да го контролираат тој регион, бидејќи ја загрозуваат безбедноста на населението во југоисточна Анадолија.

„Турскиот лидер тоа дури го објаснува повикувајќи се на меѓународното право според кое Турција има право да интервенира во соседна земја, бидејќи на тој начин се бори против тероризмот“, истакнува Лалиќ.

Тој потсетува дека ова нема да биде прв пат Турција да интервенира во северна Сирија. Досега Анкара изврши две операции – „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, во кои од Курдите беа исчистени илјадници километри.

„Ердоган сега сака да изврши слична операција источно од реката Еуфрат, на територијата која ја контролираат Народните одбранбени единици (ИПГ), кои тој ги смета за терористи, а кои во Сирија вистински се борат за поголеми права и вистински се бореа против Исламска држава. Прашањето е како ќе изгледаше таа област да ги немаше борците на тие единици“, истакнува српскиот аналитичар.

Пентагот од почетокот ги поддржуваше и вооружуваше сириските Курди, токму поради тоа што се бореа против џихадистите, па Вашингтон и Анкара постигнаа компромис за тоа како да се реши проблемот со зоната источно од Еуфрат.

Турците планираат безбедносната зона да биде 40 километри, а спорно е тоа што, кога Курдите ќе бидат протерани, турската војска треба во иднина да го контролира тој регион.

„Сега сите големи играчи како Америка, Русија и Турција се обидуваат да ги зацврстат своите позиции во Сирија, бидејќи порано или подоцна претстои и политичко решение на кризата во Сирија. Проблемот е во тоа што сите страни поддржуваат различни играчи, па до конечното политичко решение нема лесно да се стигне“, истакнува Лалиќ.

На прашањето дали Курдите на Американците им се поважни од Турција, тој вели дека околностите, за жал, покажуваат дека Курдите, кои на просторот на Блискиот Исток се разделени во четири земји – Иран, Ирак, Сирија и Турција, никогаш не успеале да создадат сопствена држава.

„Кога и да се обиделе да го направат тоа, како што неодамна се случи во Ирак кога оддржаа референдум за автономја, во земјата во која инаку соработуваа со Американците и му помогнаа на Џорџ В. Буш кога се пресметуваше со Садам Хусеин, Американците им го свртеа грбот. Се плашам дека и во овој случај, кога Сирија е во прашање, Курдите ќе бидат жртви на големите игри“, заклучува Лалиќ.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе