Што ѝ донесе на Русија војната во Сирија?

Точно пет години откако првиот руски МиГ  ги распара сириските облаци, одговорот на прашањето „што им донесе војната на Русите“, за Дојче веле, е многу едноставен: не им донесе ништо.

EPA-EFE

Путин беше стратегиски кратковид, оценува Константин Егерт.

На крајот на септември 2015 година иранската Револуционерна гарда и нејзините сојузници од либански Хезболах беа речиси поразени на сириското боиште, каде се обидуваа да ѝ помогнат на армијата на Башар ал Асад. Трупите лојални на сирискиот претседател беа развлечени на повеќе фронтови, борејќи се против милитантите поддржани од Турција, Саудиска Арабија и Катар, како и против курдските бунтовници.

Во Кремљ тогаш падна одлуката на Асад и Иранците да им се пружи она за што копнееја – жестока поддршка од воздух. По руските пилоти пристигна и морнарицата, па воените инструктори и паравоените платеници од озлогласената воена компанија Вагнер.

Денес изгледа дека веќе никој не може да го победи Асад. Путин ги прошири и модернизираше воените бази од советската ера во сириските средоземни градови и ги направи моќни. Но, тоа не е најважната придобивка за Русија која никогаш не била ниту пак ќе биде светска поморска сила. Платениците од фирмата Вагнер, како што се зборува, ги надгледуваат сириските природни ресурси и нафтени рафинерии, а тоа кажува многу.

Сепак, најважната причина зошто Москва се вмеша во сирискиот хаос беше истата како и секогаш – да се продолжи глобалното потиснување на Соединетите Американски Држави кое Путин симболично го почна со славниот говор на Минхенската безбедносна конференција во 2007 година.

Кошмарот на руската елита и понатаму се САД со својата неуморна идеја за американизација на светот, иако таа е ослабена со некои потези на Барак Обама и Доналд Трамп. Руската надворешна и безбедносна политика затоа во ерата на Путин главно се сведува на држење на САД подалеку од постсоветскиот простор и поддрша на антизападните режими низ светот.

Во тој контекст Сирија во 2015 е во иста линија со руските потези во Грузија во 2008, Украина во 2014, Црна Гора во 2016 и Венецуела во 2016 година. Оваа година во истата категорија влезе поддршката на белорускиот претседател Александар Лукашенко во борбата против сопствениот народ, смета Егерт.

Путин сериозно ја сфаќа улогата на заштитник на оние лидери кои Западот (читај САД) ќе ги прогласи за диктатори. Верува дека поради тоа Американците го почитуваат или дека дури стравуваат од него.

Но, за долгорочните национални интереси на Русија останувањето на Асад на власта во Дамаск е многу лажлива корист. Напорите на Москва сега судбински се поврзани со сирискиот режим или, подобро кажано, со Асадовите ирански газди. И сето тоа во ера на динамични промени на Блискиот Исток, пишува Дојче веле.

Нормализацијата на односите на Израел и арапските држави под притисок на Вашингтон беше непријатно изненадување за верските лидери во Техеран, но и за Москва. Во двете престолнини инфантилно веруваа дека американското влијание во регионот исчезнува и дека Иран неизбежно ќе биде новиот хегемон на Блискиот Исток.

Доколку Судан, Оман и Саудиска Арабија го следат примерот на Обединетите Арапски Емирати и ги подобрат односите со Израел, ќе дојдат тешки времиња за иранскиот режим – тогаш повеќе нема да биде исклучен и пад на шиитскиот лидер Хомеини. Без иранската поддршка, Асад би станал многу ранлив. А тогаш кај него би се јавила желбата да се сврти кон Ријад и Вашингтон, и руското воено присуство во земјата да го искористи за ценкање, смета Егерт.

Путиновата стратегиска кратковидост се покажа и во односите со Турција, уште една важна држава во овој дел од светот. повеќе пати беше прекршен џентлменскиот договор за неупаѓање во Сирија кој го имаше со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Пред пет години Путин мислеше дека преку Анкара ќе го издупчи источното крило на НАТО, а денес Ердоган всушност ги финансира сириските милитанти против Асад, во Либија воено ги помага непријателите на рускиот човек, генералот Калифа Хафтар, а го вооружува Азербејџан во конфликтот со тесниот руски сојузник Ерменија.

Пет години откако првиот руски МиГ ги распара сириските облаци, одговорот на прашањето „што им донесе сириската војна на Русите?“ е многу едноставен: не им донесе ништо, оценува Егерт.

Се покажа дека Путиновата приватна борба за прстиж се коси со руските национални интереси. Кој и да дојде по Путин, ќе мора одново да ги дефинира тие интереси, заклучува тој за Дојче веле.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе