Гардијан

Што го предизвикува топлинскиот бран во Европа?

Краток поглед на причините и ефектите на високите температури низ континентот.

Дали ова е рекорден топлински бран?

Франција денеска измери рекордно висока температура од 45,1 степени, а температурните рекорди за ова време од годината веќе се надминати, или е веројатно дека ќе бидат неизбежно надминати, во голем дел од Европа, вклучувајќи ги Германија, Франција, Шпанија, Швајцарија и Австрија, вели Гардијан. Времето во јуни обично е малку постудено во Европа, а подоцна во летото го достигнува зенитот. Сепак, и лани имаше топлински бран во јуни, со долготрајни високи температури низ поголем дел од северната хемисфера, во многу области придружени со суша.

 

Зошто е толку жешко?

Топлиот воздух се шири низ Европа од северна Африка, носејќи високи температури низ целиот континент. Во Велика Британија е постудено, делумно како резултат на тоа што е подалеку од изворот на топол воздух и делумно поради ефектите на ладење од Северно Море.

 

Дали овој топлински бран е резултат на климатски проблем?

Не е можно сегашниот топлински бран дефинитивно да се поврзе со климатските промени, бидејќи времето природно варира. Покрај тоа, можните ефекти од климатските промени не се едноставни. На пример, силниот дожд и облачното време низ делови од северна Европа најверојатно ќе станат почести како резултат на трупањето јаглерод диоксид во атмосферата.

Сепак, времето годинава е, секако, во согласност со предвидувањата на научниците за зголемување на температурите, повеќе топлински бранови и пролонгирани суши прошарани со периоди на поплави во некои области.

 

Зарем не треба да уживаме во ова?

Топлинските бранови може да имаат пријатни ефекти, долги сончеви денови, охрабрувајќи ги луѓето да излезат во паркови и на плажите, а сигурно носат насмевки и на лицата на продавачите на сладолед.

Сепак, способноста на телото да ја регулира сопствената температура е од клучно значење; бебињата се помалку способни да ја регулираат својата температура и мора да се чуваат на добро проветрени места. Постарите луѓе, исто така, ги губат своите регулаторни способности додека стареат и брзо може да прегреат.

Во европскиот топлински бран од 2003 година имаше околу 70.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, припишани на долгата жештина. Болните луѓе исто така може да имаат проблеми, па дури и оние што се здрави и во форма може да доживеат тешкотии при спиењето и непријатност, така што луѓето се советуваат да останат хидрирани и да носат лесна облека ноќе.

 

Уште некоја лоша вест?

Има влијание врз земјоделците. Иако топлата клима во вистинското време е од клучно значење за многу култури во текот на нивните периоди на растење, прекумерно високите температури може да го забават растот, особено ако се продолжени. Добитокот, исто така, може да страда од топлината и му треба дополнителна нега.

Проблемите не застануваат тука: како што покажаа стопените патишта во Германија, европската инфраструктура не е изградена за да се справи со такви крајности, а нејзиното приспособување веројатно е скапо и ќе трае со децении.

Конечно, една од ирониите на климатските закани е тоа што топлото време ја зголемува употребата на климатизацијата, која неодамна беше означена како клучен фактор во зголемувањето на емисиите на стакленички гасови минатата година.

Но, како што истакна Гринпис, смртните случаи во Европа се релативно помалобројни во споредба со „далеку поголемите катастрофи што се случуваат во потоплите, посиромашни земји на југот на светот“. Во посиромашните земји со помалку напредна инфраструктура, глобалното загревање најверојатно ќе донесе суши и проблеми со водата, што ќе го отежне, ако не и оневозможи земјоделството на големи површини земја, што ќе предизвика недостиг од храна и потенцијални конфликти и масовна миграција.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе