Што е точно процесот на отповикување и како функционира

Процесот на отповикување во Соединетите Американски Држави е осмислен од основачите на државата за високо позиционираните функционери да одговараат за своите постапки, вклучувајќи го и претседателот.

Основите за отповикување наведени во американскиот устав се општи и вклучуваат мито, предавство како и таканаречените „тешки злосторства и престапи“.

Формулацијата во уставот ја поставува црвената линија за отповикување прилично високо, и на функционерите им дава доста простор за маневрирање.

Отповикувањето во пракса се одвива во два чекори, што е одраз на факот дека американскиот Конгрес има два дома. Иако е процесот јасно од политичка природа бидејќи го водат пратениците, осмислен е да отсликува правна постапка.

Претставничкиот дом и неговите одбори дејствуваат како истражители и порота и одлучуваат по кои членови ќе го обвинат американскиот лидер.

Во случајот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, долниот дом минатиот месец го обвини по два члена.

Процесот сега се пресели во Сенатот кој ќе му суди. За претседателот да биде отповикан од должност потребни се гласовите на две третини од пратениците во Сенатот. Спротиво од постоечкиот состав на Претставничкиот дом, во Сенатот мнозинствоо го имаат републиканците.

Судењето на претседателот на државата го води претседателот на Врховниот суд, во овој случај Џон Робертс.

Досега процес за отповикување е спроведен против само тројца американски претседатели. Првиот беше Ендрју Џонсон во 1868, кој со тенко мнозинство во Сенатот беше ослободен од обвинувањата. Претставничкиот дом изгласа и отповикување на Бил Клинтон, но по судењето во Сенатот во 1999 тој остана на власт.

Ричард Никсон во 1974 година даде оставка по скандалот Вотергејт, со тоа избегнувајќи отповикување. Тој е единствениот американски претседател кој отстапил од функцијата.

Со отповикување од функциите се остранети осум функционери, сите сојузни судии.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе