Њујорк тајмс

Што е тоа што ги чува повеќето мали деца од коронавирусот

Вашите деца бавно го фаќаат и го шират ковид-19. Експертите имаат неколку идеи зошто е тоа така, вели Њујорк тајмс.

Фото: Роберт Атанасовски

Сè уште не знаеме многу работи за коронавирусот, но веќе стана јасна една од ретките светли точки на оваа пандемија - малечките претежно се поштедени. Научниците сега конечно претпоставуваат зошто децата, за разлика од возрасните, или не добиваат ковид-19, или имаат многу блага клиничка слика, но и помалку ја шират заразата од возрасните.

Од почетокот на пандемијата утешна вест е дека децата се претежно поштедени, но тоа не значи дека родителите не се загрижени, особено кога станува збор за одење во градинките и училиштата.

Значи, колку треба да бидат строги родителите? Дали бебињата и децата од предучилишна возраст па низ годините на основното училиште некако се во можност поуспешно да се изборат со заразата на коронавирусот во споредба со возрасните? Дали е во ред ако не носат маски или не се дистанцираат?

Експертите сè уште велат дека ако семејствата живеат во жариште или ако некој член на семејство е ранлив на тежок случај на ковид-19, децата треба да останат посветени како и секогаш на рутините за дезинфекција, да се држат подалеку од луѓето надвор од дома, да носат маска и да мијат раце дури и повеќе отколку што правеле пред пандемијата.

Освен во тие ситуации, родителите можат да занемарат барем една од најстрогите мерки без значително да го зголемат ризикот: повеќе не треба да ги изолираат своите мали деца, вели д-р Силвија Чианг за Њујорк тајмс.

Има повеќе навестувања, па дури и некои податоци, што покажуваат дека децата стојат многу подобро против короната од возрасните. Прво, до 11 јули, според американскиот ЦДЦ, само 17 деца на возраст под пет години досега умреле од ковид-19. Тоа е нешто под третина од бројот на таа возраст што годинава починале од грип.

Во Исланд, тим истражувачи тестираа 6 проценти од популацијата на земјата. Од 848 тестирани деца, ниту едно под 10-годишна возраст немало коронавирус, иако во тоа време работеле и училиштата и градинките низ целата земја.

Две студии во Кина исто така покажаа дека е помалку веројатно децата да го фатат вирусот од заразено возрасно лице што живее со нив. Истото го покажа и трета студија.

Некои истражувачи претпоставуваат дека вирусот не може да се пробие во клетките на малите деца како што може кај возрасните затоа што децата имаат значително помалку рецептори наречени АЦЕ2, на кои вирусот се прикачува.

Како што растат, децата добиваат сè повеќе од овие рецептори, така што расте и ризикот од заразување. Доказите за оваа претпоставка се штури.

Друга теорија вели дека децата поради тоа што имаат помали бели дробови, не исфрлаат толку многу капки што потенцијално го содржат вирусот како возрасните, вели Џефри Старк, професор по педијатрија на Бејлор колеџот по медицина во Хјустон.

Сепак, можно е да поминат децении додека да се решат сите тајни на коронавирусот и додека научниците не ги докажат и не ги потврдат сите лица на вирусот со проверени студии, како кај возрасните, така и кај децата.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе