Шпански Конфиденсијал: Рахој ја загуби војната на Балканот

Шпанскиот премиер Маријано Рахој обично не води кампањи против ЕУ. Меѓутоа, тој ја изгуби „балканската војна“, пишува шпанскиот весник Конфиденсијал.

Шпанската влада се трудеше на претстојниот самит на Западниот Балкан и ЕУ во Софија Косово да не добие третман на држава, пренесува Б92.

Со жешкото каталонско прашање, Рахој од почетокот даде до знаење дека неговите партнери нема да седат на иста маса со ксоовскиот претседател Хашим Тачи. Неговото инсистирање сепак беше залудно, пишува Конфиденсијал.

Премиерот Рахој не успеа, како што се наведува, да ги натера своите партнери во ЕУ да се придружат на протестот на самитот кој ќе се одржи во Бугарија на 17 мај.

Косово, кој е дел од „западнобалканската шестка“ со Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија, ќе учествува на самитот. Поради тоа, Рахој нема да присуствува.

Рахој ќе замине во Бугарија, но таму ќе се сретне со локалните власти и ќе присуствува на вечерата со европските лидери ден пред самитот, а потоа ќе се врати во својата земја.

И додека се чека официјална потврда од Мадрид, во Брисел веќе е пренесена пораката дека Рахој нема да учествува.

„Не се очекува“, истакнаа извори од врвот на ЕУ за Конфиденсијал.

И извори од шпанската влада потврдиле дека Рахој нема да учествува, иако учеството на Шпанија на самитот и понатаму е отворено прашање. Се додава дека не се очекува Рахој во последен момент да го смени својот став.

Конфиденсијал пишува дека ни јавните декларации ни дипломатските барања не биле доволни за „Косово да се чувствува помалку како држава“.

„Косово е дел од шестката и многу членки на ЕУ сметаат дека е многу важно целиот регион да биде присутен“, тврдат изворите на шпанскиот весник. Западниот Балкан, кој за многу Шпанци е далечен и туѓ, е клучен за Европската Унија, се наведува.

„Не само поради својата позиција на комуникациски посредник меѓу ЕУ и Истокот, туку и поради растечкото руско влијание, ризикот од дестабилизација во секогаш бурниот регион“, пишува во текстот со наслов „Рахој ја губи битката на Балканот“.

Шпанија не е единствената членка на ЕУ која не го призна Косово, кое еднострано прогласи независност пред десет години. Грција, Кипар, Романија и Словачка, сите од различни причини, одбиваат да го направат тоа, но сите тие ќе учествуваат на самитот, и само Рахој ќе отсуствува.

Шпанија, која во моментов е фокусирана на прашањето на Каталонја, е земјата која ја држи „најцврстата позиција“ кога станува збор за самитот, објаснуваат изворите. Грција и Романија се многу „пофлексибилни“, додека Кипар, кој и самиот има територијални проблеми, „е на половина пат“. Дури ни посетата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на Мадрид не го натера Рахој да ја смени позицијата.

Единствената „утешна награда“ за шпанската влада е тоа што ќе биде избегната „заедничка декларација меѓу ЕУ и западнобалканската шестка“, која, црно на бело, би го ставила и Косово како потписник на документот. Наместо тоа, договорена е европска декларација, со која балканските земји се согласуваат, но која нема да ја потпишуваат.

„Голем број европски партнери не се задоволни од ова решение, но го прифатија бидејќи ја разбираат шпанската ситуација, солидарно“, се вели во текстот.

„Шпанија во сето ова вложи голем политички капитал, иако во реалноста останува симболично, а не е постигнато она што беше планирано: Косово да не добие третман на држава за време на самитот. Се поставува прашањето дали вредеше, имајќи ги предвид резултатите“, се заклучува во текстот на Конфиденсијал.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе